Дилема: Кој ќе ја сноси одговорноста за развојот на држават од утре???

Day 1,069, 13:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани,
како што сите знаеме утре се одржуваат првите конгресни избори во еМакедонија.
Како што стојат работите речиси сигурно е дека целиот состав на конгресот ќе го сочинуваат кандидатите на Обединета еМакедонија.
Од една стран тоа е одлично, поради концентрацијата и единството. Оваа партија, односно нејзиното најзначајно крило е составено од исклучително познати и искусни играчи на еРепублка. Нашата држава ќе ја водат оние кои најмногу ја познаваат играва.
Но, дали и тоа е во целост исправно. Дали на еМакедонија не и недостасуваат уште неколку македонски политички партии??? Ова е голема дилема. Дали на еМакедонија ќе и биде полезно што нема да има демократија и застапеност на сите според гласовите кои ќе ги добијат.
Секако, морам да потенцирам дека и Гласник на Македонија е против и ќе остане против обидите за странски инсталации преку смешни партии во еМакедонија.

Повелете, да коментираме и да дискутираме на оваа тема.
За да ја зголемиме демократијата и да ја зголемиме заинтересираноста на новите играчи.

Нека изборите поминат во најдобар ред.
Да им ја честитаме победата на кандидатите на Обединета еМакедонија и да им покажеме дека ќе им бидеме во петици. Ќе следиме какви политики спроведуваат и какви резултати ќе донесат.

Претплатете се на ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА!!!