Кратко инфо за воените случувања во светот (1 дел) (МОД)

Day 2,730, 05:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Добар ден Македонијо

Оваа статија ке биде за запознавање со војните случувања во светот поделена во 3 дела(Европски, Јужно Американски, и Азиски со Австралија)


1 Европски Фронт


1.1 Западен Фронт
*Шпанија веќе долго време мака мачи да си обезбеди слободни региони и да се стабилизира на војното поле, моментално тие поседуваат само 1 регион Канарските острови, голем дел од нивните региони се под ропство на Србија и Португалија, така да на овој фронт единствени битки во кој ке можеме да забележиме отпор од страна на шпанците ке се деси пред изборите за конгрес во востанијата со Португалија бидејки само таму и е нивната шанса да победат, за разлика од востанијата со Србија која е далеку надмоќна.

*ВБ- Англија откако беше цел на диктаторски напад мака мачи да си ги врати постоечките региони и својот сјај кој го имаше пред диктаторската војна, така тие откако ги вратија сите свои региони , договорија Мир со Франција и моментално атакуваат кон норвешка и договор со норвежаните да ги добијат регионите со ресурс храна за да постанат земја која поседува 100% бонус на производство на храна.

*Ирска во моментов имаат договорено тренинг војна со Канада во која во договорот стои дека сите пари кои ке бидат добиени преку такси од ирските или канадски региони ке бидат вратени на правиот сопственик. Освен оваа војна со Канада Ирска нема некоја друга активна војна.


1.2 Северно- централен Фронт

Еден од најмирните фронтови кога станува збор за активни војни, бидејки големиот број на држави се во алијанса или тежнеа да се приклучаат кон истата. Единствени држави кои се контра сојузот Астериа во овој дел од светот се , Литванија, Латвија и Естонија кои нажалост секој месец мака мачат да обезбедат конгрес, Литванија како најсилен опонент на наша страна во тој дел од светот е под ропство на Полска, додека Естонија е под ропство на Финска , во Изминатиот период поради АС на финска врз Куба Естонија доби поголеми шанси за нивно ослободување и поголема опција за победа во востанијата.

*Полска - Во моментов имаат пуштено АС врз Хрватска и според нивните информации, причината која ја нападнале е да ги избркаат Хрватите, Бугарите од Индија, но кога станува збор за Полска тие секогаш гледаат да имаат интерес од секој потег кој го праваат така да во моментов стои дека е ради бркање на Бугарија и Хрватска од Индија но ке видиме во брза иднина кој бил точниот и главната причина за тоа да биде Напревена.

*Германија- после војната со УК се враќаат повторно да пловаат во мирните води и си ги завземаа повторно регионите во Данска за ресурси, а од претходно со дговорот имаат дадено свои региони на Полска и Унгарија.

Тука завршуваме во наредното издание продолжувам со кратко инфо за остантите држави од Европскиот Фронт(Балканскиот полустров,источниот фронт со Вклучено во нив Унгарија и Романија )


Со почит
Shadowstalkerr