MACEDONIAN TEMPLARS ORDER

Day 1,098, 02:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Македонија ги добива своите ангели чувари...

Oфицијално најавувам формирање на Редот на Македонските Темплари - заштитници на светата Македонска земја, традиција, богатство и вредности.
Македонската Империја ќе се воздигне повторно а Редот на Македонските Темплари ќе бидат тука како елитна гарда составена од одбрани воини која ќе се погрижи заветот на Царот Александар да се исполни и името Македонско никогаш да не згасне.



1.Редот на Македонските Темплари ќе го сочинуваат внимателно одбрани борци за Македонија кои во себе ќе ги имаат сите атрибути на еден свет Македонски воин. Оној што сака да биде Македонски Темплар мора да се докаже достоен за тоа.



2. Редот на Македонските темплари ќе има свој грб и засебни аватари дизајнирани за секој Темплар одделно.



3.Редот на Македонските Темплари ќе има свој фонд, тајни организации и компании од кои ќе ги финансира своите ативности и членови.



4.Редот на Македонските темплари ќе има една и единствена политика и цел - ШТИТЕЊЕ НА СВЕТАТА МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА ОД СИТЕ АГРЕСОРИ!
Ќе останеме ладнокрвни на провокациите и пропагандите од душманите на Македонија. Македонските Темплари ќе се држат дисциплинирано до својата мисија а тоа значи дека НЕМА ДА СЕ БОРАТ СО ЗБОРОВИ ТУКУ ЌЕ СЕ ДОКАЖУВАТ СО ДЕЛА!




5.Редот на Темпларите ќе има една девиза - ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Редот на Македонските Темплари со оваа ја отпочнува регрутацијата на светите Македонски воини (18+ левел).... оставете коментар со заклетвата - “ВЕРБА ВО БОГ, МАКЕДОНЕЦ ДО ГРОБ!“ и ќе бидете во кругот на потенцијалните регрути кои Советот на Македонски Темплари ќе ги контактира.



Да живее светата земја - Македонија!