Mинистрите + Планот + СОБИР [Strumica United]

Day 1,506, 03:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumica United

Здраво Македонијо !!!

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ !!!



Како прво сакам да кажам дека сум презадоволен од интересот за учество во мојот тим и се надевам новата влада на еМакедонија.Имаше премногу апликации и поголемиот дел од нив беа одобрени.Мојот тим го сочинуваат претежно млади Македонци/Македонки кои имаат голема желба за докажување, а секако има и поискуни.Направив тим од Македонци без разлика на која воена единица припаѓаат,без разлика во која партија членуваат.Тимот ќе ви го претставам подолу.


На крајот на статијата каде што ја објавив мојата кандидатура за претседател напишав дека во оваа статија ќе го објаснам и работењето на двете најважни министерства,Министерството за Одбрана, Министерството за Надворешни работи и секако планот.


ВОЈСКА,РЕФУНД

За Фалангата.Таа ќе продолжи да работи како и сега со полна пареа.Кога Македонија ќе има важна и неизвесна битка,кога сојузникот војува во одлучувачката битка ФАЛАНГАТА ќе ја реши таа битка, ќе покаже дека Македонија ја има најјаката армија!На чело на фалангата и понатаму ќе си остане незаменлвиот MagiMaster.

Базука тимот,на чело со Persej Makedonski ќе удираат во клучните битки за Македонија.За секоја истрошена базука ќе им следуваат тенкови !!

Во план ќе ни биде создавање на уште една воена единица под АРМ,поточно Мечки.Се ќе зависи од ситуација во која ќе се наоѓаме и секако финансиите.Ако се создадат Мечките еМакедонија ќе добие нова елитна воена единица,ќе добиеме засилување и на така силната Македонска Војска,ќе добиеме уште една единица која ќе има капацитет за решавање на една битка !!

Ќе отвориме и нова единица која ќе биде наменета за цивилите,единица која ќе ги собере сите цивили на едно место а ќе биде под контрола на Македонската Армија.Тие ќе бидат издржувани од Министерството за Здравство.Добиваме јака цивилна војска која ќе има голем удел во решавањето на победникот во една битка.

Во Рефундот ќе има големи промени.Кога Македонија ќе има потреба од засилено воено дејствто тогаш РЕФУНД-от ќе се активира - преку армискиот канал,преку весник,преку шаут ќе се даде наредба за пукање во одредена битка.Војниците ќе пукаат со своја храна и тенкови,потоа прават screen shout и потполнуваат формулар.
МОД-от кој ќе биде на смена, по крајот на битката во согласност со средствата со кој ќе се располага и секако направената штета ќе им прати РЕФУНД.

Документот за рефунд ќе биде јавен и ќе може сите да го гледаат за да се знае кој колку има направено штета и кој колку добил.
Овој рефунд ќе можат да го земаат и војниците и цивилите!!!




НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКA

Надворешната политика е доста променлива и зависна од моментална ситуација затоа тука не можам да ветам во детали на подолг план што ќе направам но имам некои точки кои мислам дека за нас ќе бидат доста важни да се спроведат во следниот месец.

1.Поотворена дипломатија

Ни треба дипломатија како таа на Словенија каде ќе бидеме отворени за договор со сите едноставно во моментов нашиот регион не носи во ситуација 4 vs 1 и не е можно само со директни борби да тепаме или пак да ја задржиме сегашната ситуација зошто нема никаква рамнотежа во силите.

2.Барање за реорганизација на ОНЕ

Под ова не се подразбира нов сојуз или распаѓање на ОНЕ туку едноставно да се сменат истите “ПИЈАВИЦИ” кои веќе со месеци се на позициите во ОНЕ HQ без да бидат избрани од играчите на ниедна земја.

Мојот план е во ONE HQ смеат да бидат само претседателите на земјите сојузнички / избран претставник ако претседателот не е достапен + избран командир на ONE HQ (кој ќе биде биран на гласање од сите претседатели ).Но “тактичарите” кои си ја третираат алијансата како приватна организација ќе мора да бидат избркани ако ОНЕ треба да има некаква шанса да се среди.

Исто така мислам дека контактот меѓу ОНЕ и играчите на сојузничките земји е повеќе од очајно немам видено никаква пропаганда по весници со месеци.


3.Цврст став во застапувањето на Македонските интереси

Јас немам никаков проблем со губење затоа што тоа е дел од циклусот на играта тепаш/губиш.Но мислам дека е комплетно апсурдно некои наши сојузници да прават планови на наш грб и притоа при отстварување на нивните интереси да ни прават директна или индиректна штета ( намерна или ненамерна)

Јас ако бидам избран нема да бидам избран да бидам “популарен” во интернационалните кругови или да си градам репутација меѓу “познатите фаци” туку ќе бидам избран да ги БРАНАМ НАШИТЕ ИНТЕРЕСИ што и ќе правам со целосна посветеност притоа не наштетувајќи им на нашите сојузници и трудејќи се во процесот и да им помогнам.


Мојата надворешна политика за следниот месец во една реченица би била:

Исполнување на Македонските интереси и желби притоа помагајќи на нашите сојузници директно или индеректно и во ниеден момент на нивна сметка.





СТРАТЕГИЈА/ПЛАН ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ


Исто како за надворешна политика и тука не може уште сега да се направи конечен план за што би правеле во Јануари али според моите согледувања би требало ситуацијата да се движи во следната насока.


1.Губење на колониите

Со преминување на Турција во ЕДЕН Блискиот Исток за нас како колонија е неприфатлив и неговото губење неминовно и секој реален играч ќе се сложи со ова.Но при процесот на губење можеме да се доведеме до ситуација каде иако сме изгубиле ресурси сме добиле подобра тактичка позиција за понатамошно дејстување.(Жртвување на кралица за шах мат )

Најдобро би било сега со помош на пријателите од Египет и УАЕ да ја завлечеме доста работава во Б.И и да ги задржиме ЕДЕН барем едно-две недели.Ако успееме при тоа би требало до тогаш Полска да се среди и без RW-та и концентрирано да ги истера ЕДЕН од Централна Европа исто така ќе го одложиме нивниот планиран напад на Србија и со тоа Србија најверојатно ќе ги изгуби само колониите ама нема да биде избришана и она исто како Полска тогаш неоптеретена со RW-та и бранење на колонии заедно со Унгарија и Полска би требало да ја исчистат Источна Европа од ЕДЕН и да преминат во офанзива со што доста од притисокот од нас би се тргнал.

2.Враќање на оригиналните региони

Ова го одложуваме веќе подолг период.Номадската тактика не служеше добро веќе доста месеци и ни обезбеди добар развој но затоа нашето единство трпеше сега е време да се вратиме и да почнеме со морални победи а не само за ресурси.

Со враќање на оригиналните региони ќе немаме востанија и ќе можеме да се фрлиме целосно во светиот бој за регионот Македонија и да донесеме доста нови играчи и најверојатно доста и да задржиме.Вака моралот ќе се одржува на добро ниво со доста интересни битки за сите и без борење за региони кои на просечниот Македонец не му значат ништо.


3.Идни колонии

Србите наскоро ќе почнат да ги губат колониите исто како и сите други да се надеваме само дека нема да бидат избришани зошто се потребни со инфлуенсе.

Албанија има 3 ресурси кои ги немаме и што одма би не однеле до 6 притоа битките за Албанија се исто од РЛ значење за нас и со тоа и од морално значење.

Додека ако војната против Грците се одвива горе доле поволно за нас би добиле и железо и со тоа би имале 7/10 ресурси што би било прифатливо

За Италија ако им треба на Србите можат да идат преку Црна Гора но сепак не би ја исклучил и како наша идна колонија .


4.Грција

Планот ќе биде да се одсечат Јонските острови за да ги изгубат сите ресурсни бонуси што би ги добиле од блискиот исток притоа во ниеден момент да не се дојде во контакт со Турција или Кипар.

Не викам дека ќе биде лесно иако и пинг понг војна за Македонија не би било лошо но сепак ако успееме во ова крајна цел би ни била да се склучи мир за ненапаѓање од најмалце 2 месеци при што еден месец ние би добиле право над Македонија,Тесалија и Централна Грција.

Ако не тогаш би барале 2-3 месеца гарантиран мир и за тој временски период би иделе на запад да споиме 9/10 ресурси по кратка постапка.Но ова би останало за претседателот после мене зошто очекувам војната со Грција да трае најкратко до крајот на месецов.





Дојде време и мојот тим да ви го претставам :

Премиер : Avramoski Slave

Министер за Одбрана : Branislav1995
Помошници : ShadowStalkerr ; WaRlOR ; DOLGOSKI ; Bobo3209 ; Persej Makedonski ; Tinja

Министер за Економија и Финансии : MacedoniaStrumica
Помошници : Icko na Dafinka ; Аquilamk ; Slave warmaster

Министер за Надворешни Работи : BlackMK
Помошници : thedragon ; Strumjanin

Министер за Здравство : KralliMarko
Помошници : Dudan Makedonski ; ScitsalpMacedonia

Министер за Образование : MKD Foreverrr
Помошници : Diktator Kodar ; Angela92 ; svetecot

Министер за Информирање : Zlatko Kaskarevski
Помошници : Petar II Makedonski ; lovika ; Mack01 ; Benito Amilcare M



После сето ова што го истакнав во мојава кандидатура сакам да ве поканам на собир се разбира во преубавата Струмица како домаќин.Без разлика на исходот на изборите и тешките денови што ја очекува нашата Македонија по прогласувањето на природен непријател од три страни мислам дека крајно време е да се собереме и да се видиме и како луѓе да си напраиме муабет. Со тоа сакам да ве поканам сите заинтересирани да го пополните формуларот за присуство на собирот на ден 10.01.2012год. (Вторник) па заедно со моите сограѓани и сограганќи да го реализираме целиот собир.


Утре,гласајте за Strumica United,гласајте За Подобра еМакедонија !


МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !!

Да живее еМакедонија ! о7




Министрите + Планот + Собиранка [Strumica United]

http://www.erepublik.com/en/article/-strumica-united-1-1938952/1/20