Виц: Студент vs. професор

Day 1,795, 16:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumica United

Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.

Професорот надмено вели:

- Птиците и свињите не седат заедно.

- Во ред, тогаш јас ќе одлетам. – се преместил студентот.

Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.

Доаѓа време за полагање. Студентот оди и одговара за десетка. Професорот му поставува последно трик-прашање:

- Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?

- Со парите, професоре.

- Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.

- На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.

- Во просторијава има еден голем идиот! – свикал професорот.

- Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.

Професорот нервозно го зел индексот и во него напишал само ГОВЕДО.

Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно рекол:

- Извинете професоре, овде само сте се потпишале ама не сте ми ставиле оцена.