[VOTE] Важнооооо !!!! [EDIT][ТОП 5]

Day 1,171, 15:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Cryptic MKD

Значи стварно не ми е јасно, зошто сите работите со здравје помало од 20 !?
Толку не знаете да израчунате колку пари треба да тргнете на страна за да имате да си го покачите прво здравето на 100 па да сработите !?
Стварно сите компании ги носите во голем минус !!!
Еве баш пред некоја минута ми се вработија тројца камикази и ми работат со 15, 18 и 19 здравје.

Работете со здравје со кое што и вие и компаниите ќе имате профит. (околу 90, но сепак колку повисоко толку подобро)

Што добивате вие ако мене ми сработите со 15 здравје !? -НИШТО, само ја носите Македонија во загуба, со тоа што ги носите компаниите во минус, затоа житото мора да се покапи, а со тоа и лебот. И ако израчунате ќе видите дека со тоа што сте се бореле во битка, а сте сработиле со 15 сила, ништо не сте постигнале за Македонија.

Значи ви препорачувам:
Прво СРАБОТЕТЕ
Потоа видете колку пари ви остануваат за леб за повторно ЗДРАВЈЕТО ДА СИ ГО ПОКАЧИТЕ НА 100
Па потоа борете се (доколку имате толкава желба, иако цело време се труби да не се борат играчите кои неможат сами да си го одржуваат здравјето)

И другиот ден повторно со парите што сте ги тргнале настрана, си го покачувате здравјето на 100, повторно РАБОТИТЕ СО 100 ЗДРАВЈЕ, пак тргате настрана за наредниот ден, и со парите што ви остануваат вишок борете се.

Значи со колку поголемо здравје ќе сработите, толку повеќе компанијата ќе има профит од вас, толку повеќе вие ќе напредувате во економскиот скил, а колку повеќе напредувате во еконоскиот скил, толку поголема плата ќе земате, па сега видете вие како е подобро !!!

Артиклот е мал, но сепак мислам дека го опфаќа не само моето мислење, туку и мислењето на сите оние кои барем еднаш се нашле во улогата на менаџери !!!

Затоа ве молам VOTE и SHOUT за да видат што е можно повеќе Македонци и да се вразумат оние кои до сега работеле како камикази !!!