Прво Претседателско Обраќање (volk 1975)

Day 2,574, 07:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


ПОЗДРАВ МАКЕДОНЦИ!!!

Дојде време и јас да се обратам до сите вас и од овде. Пред се морам да се заблагодарам до сите за искажаната поддршка во изборниот процес. Но морам да напоменам дека имам намера да сум претседател на сите наши играчи и конечно да се обединиме и да функционираме како еден во играта. Време е конечно да ја покажеме дисциплината и слогата и силата што била одлина и на познатата наша фаланга. Секој оној што ќе сака да помага ќе има место во тимовите или пак сигурно ќе му најдеме некакакви задачи. Како што можете сите да примете и јас и целиот тим одма се фативме за работа. Како и што обеќав претходно и пак ќе кажам дека целта ми е да го вратам интересот пред се на играва од нашите играчи. Затоа овој месец ќе си играме во вистинска смисла на зборот. Немам намера одовде да ја објаснувам целата ситуација околу AS-от пошто таа работа убаво е објаснета од МЗИ и од нивниот тим. Само ќе побарам од сите вас да верувате во нас и во целиот тим затоа што сигурно ќе ни треба и значи секоја поддршка. Организацијата полека е пред крај. Кружните пораки и тимот околу мене релативно се завршени или се пред крај. За плановите понатаму ќе бидете известувани преку одредените министерства. Утре летаме и сите спремни ве чекам во први редови. Имаме неколку стари сметки што треба да ги израмниме.
Играта може да почне
Со Срце за МАКЕДОНИЈА!!!

ВАШ CP-Volk 1975