Одјавување од Функцијата Претседател [ Strumica United ]

Day 1,538, 16:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumica United
Здраво Македонијо.

Еве дојде и крајот на мојот краток мандат.После третиот импичмент ситуацијата во државата беше мошне лоша.Реално мораше брзо да се превземат некои работи.Па така во целиот хаос што владееше можеби ја требаше да сум смирен и смирено да ја превземам работата во свои раце но ете тоа е тоа ... неискуството си го направи своето.

Да почнам од ситуацијата додека уште бевме во Италија.

Многу наеднаш ми дојдоа многу работи, само што ја превземав функцијата веке имаше напад од стрна на Франција во кој пробавме да се одбраниме бевме и приоритет на ОНЕ но тоа е тоа ... не вратија на самиот почетокот. Се вративме на оригиналните региони со плус еден од Албанија. Тука малку се задрзавме не планирано. Поради ајде да казам моја грешка ... или недоволна информираност што беше пустен законот за да немаме Природен Непријател. После тоа чекавме да ја завршат мегусебната војна Албанија и Црна Гора.

Албанија избришана.

Можеби многу побрзо Албанија ќе беше избришана од наша страна но знаеме сите дека Грција, Турција и Бугарија немаа свои битки па имаа доволно време да им помагаат на Албанија. Па така со мали напори и по една изгубена битка стасавме и до таа цел ја ИЗБРИШАВМЕ Албанија. Поради тоа што немаше време од мојот мандат несакав да пуштам закон за Природен Непријател. Но по пуштањето на ПН од страна на Италија бевме принудени да пустиме и ние. Тоа го оставам на следниот Претседател да ја заврши неговата мисија.

Околу галамата што се крена за МОФА организацијата сакам да изразам благодарност до МОФА тимот и разбирањето од страна на админите што ни овозможија да го префрлиме веникот во дрзавна организација и да се промени името на истата.
Исто така да се заблагодарам на лугето што ми помагаа за време на мојот мандат без кои мислам дека ке беше многу потешко. Благодарност за подршката од мојата партија ЗПеМ која ме кандидираше на изборите. Исто така морам да изразам огромна благодарност до МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА која несебично се бореше по цели денови и ноќи за Македонија. Само така да продолжиме нема кој да не спречи нема кој да не победи. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !!!Mу посакувам многу среќа и успех на следниот Претседател !!!


Македонија Вечна !!!
Strumica United