[sarmetina] Џабе ни се толку региони

Day 1,328, 13:06 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


[sarmetina] Џабе ни се толку региони
http://tinyurl.com/5vwvxth
~~shout~~


Последниве неколку месеци поминувам се помалку време на еРепублик. Што поради зголемените обрвски во РЖ, што поради фактот дека играва од ден во ден станува се поглупава, се помалку игрива и се подосадна.
еМакедонија од мала држава со 3 региони, денеска заслужено се наоѓа во топ3, но од тоа, нејзините граѓани, практично немаат никаква корист. Преголемиот товар кој го носиме од реалниот живот практично не направи огромна, но нефункционална држава.
Во желбата да се рашириме и да ја зголемиеме територијата, како и во поривот да станеме владетел на Балканот, ние практично станавме празна, неискористена територија.
Додека останатите држави од топ5 произведуваат како луди, ние тапкаме во место, ширејќи се на голем број региони, од кои, освен што се трошиме во секојдневните досадни востанија, не добиваме ништо повеќе.
Како пример, соседна еСрбија, која важи за наш сојузник, овозможува навистина поголемо производство, пред се на храна. еСрбите, ширењето на државата го планираат исклучиво врз економската логика, па затоа кај нив, се произведува и по 40% повеќе.
Дека ситуацијата во економијата им е далеку подобра од нашата, говори и силниот динар, кој во сооднос со нашата валута е двојно поскап. Од друга страна, еСрбите, на тој курс на националната валута и на тоа производство натаму успеваат да ги држат ресурсите на ценовно ниво исто како нашето. Тоа практично значи, дека нивната цена и е конкурентна на нашата, иако имаме двојно поскапо злато. Ситуацијата е иста и во Полска.
Ваквиот развој на настаните ги натера голем број од еМакедонците кои во играва посветуваат поголемо внимание на економијата и парите, да се преселат во некоја од земјиве и да заработуваат повеќе.
Овие печалбари, поради кои државата собира највеќе данок, сега прават приходи во друга државна каса.
Од друга страна, даночната политика на земјава, не го следи нејзиниот развој, како и промените во играта. Даноците кои странците ги плаќаат за да продаваат во еМакедонија и натаму се на само 50%, а останатите даноци, според мене се на ниско ниво.
Додека платите скокнаа на високо ниво, минималната плата во еМакедонија е 1,5 денари што им овозможува на мулташите да си работат без воопшто да плаќаат данок на државата. Можеби тоа е добро за воените единици, но сепак, во државава сеуште има повеќе мулти играчи, отколку војници.

За да не досаѓам повеќе овде ќе и ставам крај на оваа анализа, па се надевам дека ќе напишам уште некоја статија пред конечно да и ставам крај на гејмерската кариера 


[sarmetina] Џабе ни се толку региони
http://tinyurl.com/5vwvxth
~~shout~~