Приказна за човекот кој "помести планина" поради љубовта (Мr.Santinoo)

Day 2,214, 13:26 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo

Некогаш мудрите луѓе рекле дека никогаш не треба да се потценува силата и моќта на само еден човек, а доказ за тоа е и неверојатната приказна за Даршат Мањихи.
Имено, Дашрат Мањихи живеел во малото село Гахлоур во Индија, од каде што најблиската медицинска институција била сместена во Гаја, оддалечена 8 километри по воздушна линија и 50 километри по копнен пат, а проблемот бил големата планина која што го блокирала патот до улицата.

Селото било сосема ниско на списокот на приоритети на владата за изградба на пат, па затоа и немало изгледи дека наскоро ситуацијата ќе се среди.

Кога сопругата на Мањихи се повредила во 1950 година и починала на патот до болницата, во нејзин спомен, Мањихи ги зел нештата во свои раце и во 1959 година започнал да "пробива пат" низ планината, се со цел да им овозможи на своите соселани да добијат медицинска помош.



Она што е неверојатно е фактот што сето тоа овој човек го направил сосема сам, само со помош на рачни алати. Тој ги продал сите свои кожни материјали, само за да купи длето, јаже и чекан. Луѓето го нарекувале луд и ексцентричен човек без идеи и планови, но и покрај обесхрабрувачките забелешки на неговите критичари, Дашрат доследно се држел до својата цел, цели 22 години!



Поради упорноста, издржливоста и љубовта кон својата покојна сопруга, тој го дочекал денот кога зачекорил низ рамен премин, долг околу еден километар и широк околу пет метри, па конечно и погледнал што има "од другата страна на брдото".

"Кога почнав да го копам брдото, луѓето ме нарекуваа лудак, но тоа само ја зголеми мојата одлучност", изјавил Дашрат Мањихи, кој благодарение на своето остварување, станал познат насекаде во светот, а добил и државен погреб по неговата смрт во 2007 година.



Сепак, неговото семејство денес се уште живее во сиромаштија и беда, а улицата која што тој рачно ја направил, и ден денес не е асфалтирана. Но, Дашрат Мањихи засекогаш ќе остане запомнат како "човекот кој помести планина поради љубов".