[АрМакедон] "Награди според заслуга"

Day 2,215, 06:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Hristijan T.



Ни претставува огромна чест да ви ја промовираме новата поделба која што од денес ја воведува АрМакедон.

Ние во АрМакедон водиме грижа за сите наши членови. Покрај постоечките поделби кои веќе функционираат околу 1 цела година и на кои моментално се дели по 7 тенкови (Q7) на секои 5 дена, од овој неделен турнир па на сите наредни, АрМакедон ќе ги наградува и првите 20 члена по направена штета (Influence), со цел да им се покрие дел од нивниот трошок.

Како награда ќе се делат тенкови наредниот ден после објавувањето на официјалните резултати, односно секој вторник во текот на денот. Наградите, како што гласи насловот, ќе бидат сразмерно поделени во зависнот од направениот инфлуенс.

Од 1-во до 5-то место ============ 30 Q7 тенкови,
од 6-то до 10-то место =========== 25 Q7 тенкови,
од 11-то до 15-то место ========== 20 Q7 тенкови,
од 16-то до 20-то место ========== 15 Q7 тенкови.

АрМакедон одделува вкупно 450 тенкови секоја недела за првите 20 членови со најголем придонес, а се надеваме дека ова бројка во иднина ќе се зголеми и уште повеќе !

Добредојдени се сите играчи кои што имаат натпреварувачки дух и од срце пукаат за еМакедонија.

АрМакедон, нешто повеќе од обична воена единица.