ЕДЕН ЛУД ЗИМСКИ ДЕН. No.1

Day 2,508, 11:04 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo

Па драги мои,беше една зима луда и незаборавна...
-Се враќав од работа 1ва смена,работев во ЈКП,додека возев накај дома по пат си мислев колку животот би бил прекрасен доколку си фатам некоја девојка,башка да имам среќа некоја тешка грдотија да неможе да ме изневерува со никој други..да биде вечно моја до крајот на животот!

Беше зима,зима без снег..возееќи по пат накај дома ми улета една у очи скоро пола од лепота..така сексипилно ме погледна со кривите очи што дури се сомневав дали баш мене ме гледаше..но тој нејзин крив и невин поглед вперен кон мене ме погоди ко отровна стрела намачкана со вазелин,ко да сакаше со погледот да ми каже ''дојди и земи ме!''

Застанав со моторот гледам малава како се тресе на автобуската па си викам дај нека не мрзне чекаеќи го автобусот ќе ја префрлам до дома,па во краен случај можеби и ќе ја ќарам...застанав,ја прашав дали ќе сака да ја префрлам до дома и таа прифати.

Ми кажа дека живее во с.Пагаруша,а јас и кажав дека сум од с.Говрлево...и така на двајцата ни беше мило што се запознавме,кога стигнав дома и се уклучив на ФБ гледам дека малата ме додала за пријател,од возбуда неможев да си поверувам на своите очи,во момент незнаев дали плачам од среќа или само така ми солзат очите од ветрот што ме дуваше со моторот...ја прифатив и така почнавме на ФБ да се договараме за на кафе...

Знаејќи ги своите шанси кај неа,решив да ги употребам сите мои фраерски финти за да ја освојам,така и беше...искочивме вечерта на кафе,уште не седнати знаев дека таа веќе е моја и дека само мене ми припаѓа.
Муабетевме саат време,па пошто на лепотава не и текна да ми го плати кафето мое па и нејзиното што го испи,последно да и биде...морав со келнерот на страна да праам муабет да му ја оставам личната карта ко гаранција дека до 3ти кафињата ќе му ги платам!

Тргнавме со малава накај градски парк,седнавме на клупа и почнавме да се љубиме,во моментот сфатив дека малава е лудо заљубена во мене,тоа го сфатив по мојот прдеж кој она самата од љубов кон мене си го призна..но како и да е,чувството беше задоволувачко а мојот прдеш за среќа безмирисен...

Одтогаш до ден денес таа вечер нема никогаш да ја заборавам,се вратив дома исполнет ко Титаник со вода и можев мирно да заспијам ко јаре пред колење,таа вечер стави акцент на мојот живот,живот кој без мојата сакана не би бил воопшто ист.