Желбите се исполнија: МАКЕДОНИЈА – Грција во баражот за СП 2015

Day 2,259, 05:23 Published in North Macedonia North Macedonia by KRISTIJAN MAKEDON

Македонската ракометна репрезентација има огромни шанси за пласман на Мундијалот што следниот јануари ќе се одржи во Катар, откако „црвено-жолтите“ за противник ја добија селекцијата на Грција. Токму јужниот сосед беше најпосакуван ривал кај нашите ракометари, па токму затоа огромно е задоволството во ракометната јавност што баш против Грците ќе се обидеме да го визираме пласманот на Мундијалот и да го одржиме континуитетот од настапи на големите натпреварувања.

Во ситуација кога во ракометот сме далеку понадмоќни во однос на Грците, јасно е дека го добиваме најдобриот можен противник во овој бараж, иако фаворитската улога ќе мора да се потврди и на теренот. Уште еден „плус“ за нас е што според ждрепката, првиот меч ќе се игра во Грција (7/8 јуни), а реваншот е закажан за 14/15 јуни во Македонија.

ДВОЈКИ ЗА БАРАЖОТ ЗА СО 2015 ВО КАТАР

Грција – МАКЕДОНИЈА

Русија – Литванија

БиХ – Исланд

Црна Гора – Белорусија

Унгарија – Словенија

Романија – Шведска

Полска – Германија

Србија – Чешка

Австрија – Норвешка