Второ Претседателско Обраќање! {Mr.Santino}

Day 2,789, 06:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Почитувани Македонци и Македонки

Пред нас е интересен период,јас ќе се погрижам да ви приредам добра забава и понатаму се додека ми трае мандатот.

Минативе денови ведаш само што дојдов на функција настана една мала збрка со првото востание кое едвај некако го добивме,морам да ви кажам дека не бев подготвен за него бидејќи сеуште не овозможив добар контакт со сојузниците и со самите вас.

Во врска околу МПП-то со Србија
Околу ова би ве замолил сите да се воздржите од провакации,минатиот месец Фантом направи референдум во кој вие највеќе се изјаснивте дека сакате МПП со Србија,јас тоа ви го ветив во мојата кандидатура иако Фантом не успеа јас бев сигурен дека ќе успеам,тоа и се случи.

Понатаму во врска со Србите пробувајте да градите пријателски односи како што ни доликува,се надевам дека како минува времето така ќе сфатиме и ние и они дека ние како 2 држави треба да останеме заедно.

Други МПП-а
Покрај МПП-то со Србија,средив и МПП со Индонезија,Парагвај,Обединети Арабски Емирати кое само го продолживме,и во тек се уште 2 со Швајцарија и Ирска.

Иако немаме пари,сепак јас верувам дека доста значајно е да имаме што е можно МПП-а,на Швајцарија им дадовме 10к цц и на Ирска 5к за да имаме МПП бидејќи тие немаат а свесни сме колку ни се блиски тие земји и колку помагаат.

За Понатаму
Ќе ве замолам да ги почитувате моите одлуки,имам планови и секој мој потег е добро промислен,колку и на некои од вас да им е чуден и неправилен..и самиот ви кажав дека нема да функционирам како претходните ЦП-а што беа,ќе пробам да сменам некои работи..имам некои крупни планови кои се надевам дека ќе успее нешто од нив..досега немам некои големи проблеми освен што премалку пукате,разбирам дека е лето и дека сите се по одмори,но верувам дека можеме повеќе на воено поле.

Ви благодарам на досегашната сплотеност и поддршката која ми ја давате преку шаути,иако ова е најтежок месец во годината се надевам дека ќе остварам некој резултат.

Исто така сакам да се заблагорарам на нашите браќа Бугари кои влегова по втор пат во огин за нас,благодарам на Унгарија и Чиле кои цело време се со нас на воено поле и значително ни помагаат во овие тешки и значајни моменти,благодарам и на сите оние поединци кои безрезервно се трошат за нас,БЛАГОДАРНОСТ ДО СЕКОЈ КОЈ ПОМАГА НА МАКЕДОНИЈА.

Претседател на Македонија
Mr.Santino


За шаут:

Второ Претседателско Обраќање! {Mr.Santino}
http://www.erepublik.com/en/article/-mr-santino-1-2537190/1/20