Загаденоста на воздухот во Скопје (Mr.Santino)
Mr Santinoo
Со овие овие мерки се повикуваат граѓаните на главниот град да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, се препорачува на одделни категории на населението, како мали деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе, да не излегуваат на улица.
Поради нарушениот квалитет на амбиентниот воздух како резултат на надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10) што е резултат на загадувањето на воздухот, но пред сé на стабилната временска состојба карактеристична за Скопската котлина во текот на зимата, а во согласност со известувањата од Министерството за животна средина и просторно планирање и Одлуката за алармантни состојби на квалитетот на воздухот на подрачјето на градот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, прогласи мерки од прв степен, за предупредувања и препораки.
Се препорачува, граѓаните да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат.
Се препорачува да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови.
Се предупредуваат граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со кои што се загадува воздухот во просториите.
Се апелира до сите граѓани да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да ги користат средствата за јавен превоз.
Се повикуваат граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси (отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали).
Се повикуваат возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот, во спротивно подлежат на ригорозни санкции,
Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови.
Се повикуваат раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада,
Јавно се известуваат правните лица кои поседуваат дозволи за дотур на роба издадени од Секторот за сообраќај на Град Скопје дека истите се менуваат и имаат важност во периодот по 18 во текот на денот, освен оние што снабдуваат со леб и непастеризирано млеко (краткотрајно млеко).
Се апелира до стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина и Инспекторатот на Град Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме.
Градот Скопје продолжува во континуитет со своите редовни активности во насока на намалување на загадувањето на воздухот, а за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста.
-Превземано од kajgana.com
Да живее ХУМАНОСТА! 🙂
Comments
Загаденоста на воздухот во Скопје (Mr.Santino)
http://www.erepublik.com/en/article/-mr-santino-1-2352285/1/20
PRV Vote for kim 🙂
хахах како ја препозна...значи стар лисец си 🙂
Явно и Скопие е като в София, заобграден от планини. И тук като падне мъглата и смога зимата е доста подтискащо, ама тоя смог успява до някъде да ни спаси от бомбандировките на англичаните и американците през Втората световна война.
Вот и поздрави!
Поздрав брате o7
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/1460235_195557193969891_2106183902_n.jpg whole Skopje smokes weed 😛
Другар да не си ти од Go Green?
humano bi se zrtvuval so devojkava 😛 hehehehehe
хахаха до последен миг 😛
o7
milo mi e sto nemam stan vo skopje srede centar sto vredi neznam kolku pari,arno mi e kaj mene vselo.a za izborot najdolu dobivas doplo poveke salata i rakivce XD
na mene nisto ne mie 😃
a taka ne igrase ti pojce ili se vrate da kazuvas za skopje
da ne treba tebe da te prasam dali moze da igram ili ne?
hahahah te isprovocirav a? 😃
[removed]
kaj ja najde ova cela nakostreshena😁)))))))
сама се пријави 😛
u skopje ima fabriki i ke e zagaden vozduho a u radovish nema fabriki i cist ke e ama siromasen e narodo so znaci nikako ne biva 😃
баш никако брат...