[MoFA MK] Поздрав еСрбијо

Day 1,653, 09:08 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани граѓани на еСрбија

Одејќи заедно низ трнливиот пат за опстанок на Балканот, поминувавме преку многу пречки за да ги оствариме нашите цели. Силата на српско-македонското сојузништво секојдневно е видлива на военото поле а особено се докажа на дело во изминатите неколку месеци и сега кога имавме успешни акции заедно против нашите противници.

Територијалната поврзаност е еден од клучните фактори на кои се базира нашата воена помош. И во најтешките моменти, Вие сте биле секогаш тука за нас и ние македонците за Вас. еМакедонија во секоја можна прилика својата армија Ви ја става на располагање а редовно се организираат и удари во Вашите битки.

И еве повторно, нашите патишта се вкрстуваат во нова цел: окупирање на нашата моментално најголема закана, нашиот некогашен брат, кој не предаде нас и нашите заеднички верувања, еТУРЦИЈА. Речиси и да не помина многу време од кога некогаш нашите верни сојузници Турците се свртеа против еСрбија и еМакедонија. Откако на секој можен начин ја саботираа еМакедонија, предавниците сега ве нападнаа Вас со истата намера.

еМакедонија Ви ветува уште позасилено присуство на македонската армија и фалангата во Вашата војна против еТурција. Последниот македонски воен напад над еТурција за жал беше неуспешна пред се поради многубројните фронтови бидејки бевме во слична ситуација но ќе сториме се да еСрбија во војната на крајот излезе како победник и преку Вас да им ги скратиме крилјата што не летаат.

УДРИ ПО ТУРЦИТЕ!

HAIL! \O/

\o/

Со Почит
МНР Македонија
Автори: PhoenixMK & PrincessEmily