[MoFA MK] еБугарија, цела еМакедонија е со Вас

Day 1,652, 08:23 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани граѓани на еМакедонија и еБугарија

Поминуваме низ тешки моменти. По новите измени воведени во играта, се повеќе играчи си заминуваат, со што дополнително ја губиме воената моќ. Нашата ударна сила е значително редуцирана а дополнителните попусти кои се интенциозно наменети да ни го отежнат задржувањето на сопствените територии, се секогаш активни во вистинско време.

Почитувани еБугари, знаеме дека за Вас статијава доаѓа во исклучително тежок период но ние сме должни да Ви потврдиме дека еМакедонија е со Вас и дека даваме се од себе да не успеат Турците во своите намери и да им дадеме ПРЦ!

еМакедонците знаат како е да се биде во неволја, и знаат да ценат вистинско пријателство во најтешките моменти. Ние знаеме како е да се бориме за последната територија, против нашиот најголем непријател. Бугарската армија и цивили беа редовни во нашите битки и за тоа ИСКРЕНО ВИ БЛАГОДАРИМЕ! Пријателството не е само присутност во добрите моменти, напротив, вистинското пријателство се гледа во подадената рака, во поддршката и силата со кои постојано се поддржуваме и надополнуваме.

Македонското Министерство за Одбрана за апсолутен приоритет овие денови ја постави еБугарија а особено битката за Софија која сеуште е во тек и за неа организираше многубројни удари.
Вчера на македонскиот воен канал за прв пат изминатиов месец се собраа преку 200 активни војници и пукаа за еБугарија притоа и го срушија рекордот од 150 милиони инфлуенс. Тоа е нов апсолутен рекорд на активните македонски војници преку организиран удар. Можете да видите и овде http://battle-watcher.com/battle.php?id=28095

По делата се гледат вистинските сојузници кои си помагаат и во добро и во зло. еМакедонија и еБугарија се пример како треба да функционираат сојузниците и пријателите.

И во добро и во лошо, сојузници за пример!!

HAIL!


Со Почит
МНР Македонија
Автори: PhoenixMK & PrincessEmily