[MoFA Macedonia] Официјални ставови на нашата држава + планови

Day 1,520, 17:22 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija



Почитувани еМакедонци/еМакедонки
Најпрвин би сакале да ви заблагодариме на сите што се боревте до последните сили за нашата е-држава и конечно издејствувавме ослободување. Враќањето на нашата држава на мапата беше важен момент за сите еМакедонци. Дури и по неколку денови од нашето враќање, сеуште се чувствуваат последици од деновите кога бевме под окупација. Но, сега најважно е да гледаме кон иднината, почнавме со нов поход кон ресурси, кој со сплотеност и заедништво може да не однесе далеку во повторното создавање на нашата еИмперија.

Како што повеќето знаат, веќе повеќе месеци, амбасадорите испратени од еМакедонија како нејзини официјални претставници, добија свои координатори. Со наша помош, со амбасадорите создадовме една сложна и продуктивна заедница, која работи исклучиво во корист на еМакедонија, зачувување на односите помеѓу земјите во ОНЕ и ширење на пријателствата на нашата земја. Во прилог на темава, би сакале да ги замолиме сите е-граѓани на еМакедонија да престанат со своите навреди кон амбасадорите на еМакедонија поради нивната промена на државјанството. Истото тие го обезбедуваат бидејќи им е потребно при успешно завршување на нивната работа во државата во која се назначени, и е дел од програмата за работа на координаторите.
Сите амбасадори се трудат нашата татковина да ја престават во најдобро светло и даваат се од себе еМакедонија да стекне нови пријателства и сојузи.
Граѓани на еМакедонија ценете го тоа што го имате и тоа што другите го прават за вас и за татковината, ако го изгубите многу ќе се каете!


Официјални ставови на еМакедонија

- во однос на eЧехословачка

Во последно време секојдневно се води расправа за поделбата на еЧехословачка. Нашата земја официјално донесе одлука да го подржи својот стар сојузник и пријател еСловачка со тоа што нема да ја признае Република Чешка како самостојна држава, туку како федерација еЧехословачка.
Одличното работење и сложување помеѓу двете земји дојде до својот крај кога неколку добри тролачи создадоа раздор помеѓу словаците и чесите со цел да го земат раковоството на eЧешка во свои раце. За жал, оваа федерација потпадна под таквите влијанија и разделувањето е во тековна постапка. Ние како нивни пријател се надеваме дека ќе успеат да ги надминат несогласувањата и ќе успеат повторно да воведат мир во своите нации.


- Во однос на eАлбанија

eАлбанија е ново додадена земја на еРепублик и од истиот момент е про-ЕДЕН земја. Колку што знаете скоро сите земји во ЕДЕН поради грците ја користат кратенката за нашето име. Со властите во еАлбанија веќе имаме контакти, но за жал државата не ја раководат само албанци, туку во кабинетот на претседателот има и грци, кинези и други граѓани од најразлични ЕДЕН земји. еАлбанија, која покажува афинитети кон градење на добрососедски односи со нашата држава, поради притисокот кој го имаат од еГрција решија во секое известување до нас или во било кој весник на нивните власти и амбасадорот во нашата земја да го користат името кое е ставено во играва :
Република Македонија (Фиром).


-Во однос со еШпанија и еПолска

Знаеме сите дека односите со овие земји ни се многу кревки. Поради тоа, ги замолуваме сите е-граѓани да не поддржат во макотрпната работа на поединци чија цел е подобрување на односите на еМакедонија со еШпанија и еПолска. Разберете дека тие се наши сојузници, наши браќа и кон нив треба да се однесуваме со иста почит со која ги уважуваме и другите наши сојузници и браќа. Поради комплексноста и кревкоста на овие дипломатски работи, за истите ќе бидеме одговорни ние, координаторите на еМакедонските амбасадори. Значи, воздржете се од тролање, негативни коментари, бидејќи така нема да постигнете ништо, ниту да помогнете некому. Овие зближувања можат да донесат само позитивни реакции, и ќе помогнат да се унапреди хармонијата во нашата алијанса.



Со почит,
Princess Emily
Admiral Trench
Координатори на амбасадорите
Министерство за Надворешни работи на еМакедонија