[MoFA Macedonia] Тековни случувања

Day 1,489, 08:13 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Деновиве се појавија многу шпекулации и претпоставки околу актуелностите во е-светот, што е нормално при ситуација на големи промени во политиката. Наша должност како еМинистерство е да ги известиме нашиите граѓани за да знаат - информацијата е доволна за да се процени и пресуди правилно. Вчера се одигра кулминацијата на сите досегашни преговори и пропаганди на кои беа подложени одредени земји. Потезите кои ги правеа нашите непријатели конечно вродија со плод, и тие успеаја во своите намери. За жал, најизложената држава на овие влијанија беше нашиот до вчера, верен сојузник, пријател, и најважно, брат, еТурција. Тие по долгогодишното пријателство решија да ги уништат сите врски што ги имаат со нас, а кои датираа уште пред додавањето на еМакедонија на мапата. Тие вчера преземаа голем чекор - решија да се борат против своите браќа, еМакедонците, на бојното поле. А секој кој се бори против нас не е наш пријател, а уште помалку брат. Дополнително, нивното потенцијално членство во ТЕДЕН е веќе сериозно разгледувано.
Нашите поранешни браќа нема да се борат на наша страна долго време, можеби и никогаш повеќе. Тие решија својата љубов и доверба да ја дадат на Инчите, не проценувајќи за вредноста на таа врска во споредба со таа што ја имаа со нас. Ќе видиме што ќе им донесе таа кревка врска и колку долго ќе опстојува. Потпишаа повеќе МПП-а со противнички земји... Америка, Хрватска, Кипар. Исто така, објавија војна на еИран, кои штотуку влегоа во нашата алијанса ОНЕ. Од вчера па натаму, додека не се смени нешто, еТурција е наш противник. Тие сами го одбраа истото.
Многу промени се случиле досега, и допрва ќе се случуваат. Секоја земја сама е одговорна за своите одлуки и постапки и секој сам ги сноси последиците за истите. Дозволија да бидат излажани и подпаднаа под влијание на пропагандите. Покажаа дека за нив веќе ништо не е свето, дури ни една од најсилните врски помеѓу две земји на е-мапата. Неверството и откажувањето од браќата е нешто што скапо ќе ги чини. Објективно гледајќи, нивните услови се речиси невозможни за исполнување, што не им гарантира место во ниту една сегашна алијанса. Ние секогаш бевме овде за нив, и ни е многу жал што вчера изгубивме брат.
За еМакедонија целта е јасна - поддржуваме пријателства кои ни се верни, братства кои се достојни - еМакедонија е империја, одиме со нашите сојузници во поголеми успеси, во поголеми битки кои ке не зацртаат во мапата на еРепублика како верен сојузник, но и најголемиот страв на непријателите.
Нашата цел е Индија, нашата цел е Александровиот поход да биде реалност и на еРепублика, и никој нема да застане на тој пат, а да не биде казнет.
Да Живее еМакедонија!
Братски Поздрав и не се штедете за еМакедонија!!!



Со почит,
Mehandzijski, Министер за надворешни работи
Princess Emily
Министерство за Надворешни работи на еМакедонија