[MoFA Macedonia] Конкурс за амбасадори

Day 1,484, 14:04 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани,
Во моментов еМакедонија поминува низ период одлучувачки за иднината на оваа земја. Министерството за Надворешни работи е клучно за напредокот на сите држави во е-светот, и тоа не е исклучок кај нас. Тимот кој работи во ова министерство е дипломатски претставник на нашата држава насекаде низ е-светот, а неговата работа е најважниот дел од подготовките на составувањето на сложувалката на стратегиски планови на една е-земја. Во ова министерство не работат само Тимот од Министри, односно, овој месец BlackMK и Lance of Longinus, туку и помошници и амбасадори. Од средината на минатиот месец, чест ни е на мене и Admiral Trench да ја координираме работата на амбасадорите, за да го имаме најдобриот амбасадорски тим досега. Амбасадорите и нивната работа се многу важни за нашите контакти со другите земји во е-светот. Тие не се само назначени во земјите сојузнички на еМакедонија, туку наши играчи имаме и во земјите насекаде во е-светот, чиишто надворешни или внатрешни политики директно или индиректно влијаат врз нашата држава.
Задоволни сме од работата на повеќето од веќе назначените амбасадори, и се надеваме дека овој месец ќе работиме, без разлика дали во ист состав или не, уште поактивно и ќе дејствуваме дипломатски секогаш таму каде што ќе биде потребно.

Во прилог на ова, објавувам

КОНКУРС за амбасадори

Министерството за Надворешни Работи на Република еМакедонија распишува конкурс за амбасадори. еМакедонија ќе испрати амбасадори во сите држави во е-светот, а со оглед на тоа дека и внатрешната политика се менува, за некои земји амбасадорите ќе ни бидат попотребни од никогаш.

Задолженија на амбасадорите ќе бидат:
- бидат достојни претставници на еМакедонија во соодветната земја, објавувајќи статии во истата, се со цел взаемно запознавање и зближување на двата народа
- подобрување на односите меѓу двете земји (воспоставување на контакти со владиниот кабинет, контакти со нивни играчи, откривање на важни информации кои би ни користеле, присуство на нивниот канал)
- да ја информираат пошироката јавност на еМакедонија за случувањата во земјата, и да го информираат Министерството за Надворешни Работи информации кои би не засегале нас директно или индиректно, како и за нивните стратегии и планови на било кој план
- присуство на состаноци, кои ќе бидат одржувани од координаторите на амбасадорите, на кои ќе се дискутира за нивната работа и навремено ќе се доделуваат задачи.


Потребни се амбасадори за следниве земји:
Полска
Унгарија
Велика Британија
Србија
Шведска
Индонезија
Турција

Пакистан
Мексико
Венецуела
Словенија
Словачка
Естонија
Латвија
Литванија
Парагвај
Боливија
Перу
Црна Гора
Франција
Албанија

Кипар
Грција
Бугарија
Хрватска
Аргентина
Романија
Саудиска Арабија
Египет
Нов Зеланд
Австралија
Германија
Австрија
Шварцарија
Бразил
Чиле
САД
Кина
Канада
Уругвај
Белгија
Холандија
Италија
Израел
Тајван (Република Кина)
Русија
Јужна Африка
Белорусија
Украина
Молдавија
Јапонија
Сингапур
Малезија
Јужна Кореја
Португалија
Обединетите Арапски Емирати
Индија.

Конкурсот трае 48 часа од објавувањето на оваа статија. Предност имаат кандидатите кои ќе сакаат да го задржат своето место, а успешно ги извршуваа своите обврски минатиот месец. Секој што сака да се пријави за амбасадор нека прати приватна порака кај Princess Emily. Во пораката напишете општи податоци за вас, зошто би сакале да бидете амбасадор во земјата за која се пријавувате, дали имате познавање на соодветниот јазик во државата, и зошто да бидете одбрани токму вие.

Резултатите ќе бидат објавени во статија во овој весник, а на тие кои сакаат да ги задржат своите места, ќе им биде реплицирано веднаш по порака.




Со почит
Princess Emily
Admiral Trench
Координатори на еМакедонските амбасадори
Министерство за надворешни работи на еМакедонија