[MoFa Macedonia] Новиот тим на МНР + формирана Македонска КГБ

Day 1,418, 19:17 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija



Прво ќе почнам со една порака која ја добив денес.
Плато многу не сака:




Админите дефинитивно се против Македонија, само што ја избришаа статијата со речиси 600 гласа, во чест на 1 година од додавањето на Македонија во која се бараше Македонија да биде Македонија, а не фиром. Во статијата кон админите се обративме на убав начин, не навредувајќи никого. Не се откажуваме, овие препреки уште повеќе не охрабруваат да продолжиме. Кампањата ќе продолжи, кога можат адмитите па прават искучоци за Косово и да ги прашуваат играчите што мислам за него, ќе можат тоа да го напрват и за Македонија. Ние само бараме правда и демократија, ние сме Македонци, а не фиромци.



Сега ќе се вратам да зборуваммалку за МНР.


Се со цел да се зголеми ефикасноста, овој месец ќе имаме тројца Министри за Надворешни Работи и четворица заменици. Се работи за искусни и познати играчи, сите играчи се избрани врз основа на способноста и талент.

Ова е тимот на МНР: (по азбучен ред)

Прв МоФа: Lance of Longinus - за мене нема да коментирам, нема самиот себе си да се опишувам

Мофа: BlackMK - троен заменик МоД, командант на елитната единица Panzer и креаторот на Panzer Elite - тој е доста разумен и способен човек, во него имам потполна доверба (ќе биде одговорен општо за сите дипломатски активности, со фокус кон Балканот и Блискиот Исток )

Мофа: Makedonija do Indija - порнешен претседател на еМакедонија, играч кој многу го ценам, доста способен, интелигентен и со добри идеи (ќе биде одговорен за разознавање и шпионажа, ќе организра ПТО на одредени земји кои сега не можам јавно да ги кажам, ќе прави нови сојузништва и ќе биде одговорен за Северна и Јужна Америка и Азија)

Заменици МоФи:

Achkoeoeo - командант на Panzer, доста интересна личност со ведри размислувања и интелигентни ставови, има добри ставови и реален поглед на нештата, добро ги познава одноите во Европа (ќе биде одговорен за Европа и стратегија)

Ast89 - еден од играчите кои многу ги ценам, доста е мудар, способен и има добри идеи и сфаќања (разознавање/шпионажа, одговорен за Балканот, Мала Азија и Блискиот Исток со фокус на ИНЏИ, тој експерт за ИНЏИ и добро запознаен со регионот кој го покрива)

partibreaker - поранешен министер за економија, доста способен, интелигентен и разумен, има добри ставови и поглед на нештата(вообичаени дипломатски активности, разознавање/шпионажа)

Seleuk Nikator - досега беше дел од МоФа тимот, доста е способен и интелигентен и се разбира во диоломатија и стратегија (ќе биде одговорен за стратегија, амбасади/разознавање и шпионажа)



Исто така, овде е комисијата за Анализа и Стратешкии Геополитички Планирања. Нeјзините членови се Tashev, Seleuk Nikator, HawkanianHawk и Georgioski Igor и MakalNo1. Новиот координатор на комисијата е Tashev. Од овој месец, формираме нов одел во МНР, во кој ќе влезат комисијата Анализа и Стратешкии Геополитички Планирања, и сите наши амбасадори (информатори), а ќе биде под раководство на МоФата и замениците одговорни за шпионажа. Целта на оделот ќе биде да обезбедат разознавачки податоци. Оваа комисија е еден вид Македонски КГБ.




Овој одел ќе работи во потполна тајност. Неговите информации ќе бидат клучни за државната политика и стратегија. Ќе располага со посебен таен буџет, а финансиите ќе бидат контролирани од антикорупциската комисија. Буџетот ќе се користи за работи како на пример за формирање на партија за ПТО на некоја земја. Извештајот за тоа како се трошат парите нема да биде обелоденет јавно во весник за да не дојде во рацете на Грците и другит непријатели, но секој Македонец што ќе побара ќе може да добие отчет како е потрошен секој денар по приватна порака.


На крај, за досегашниот покажан резултат и активност, би сакал да ги објавам имињата на 5те најдобри амбасадори : Tashev, AdMiRaL TrEnCh, ScitsalpMacedonia, ilija93 и VanDerGlufo. Сите ќе добијат награда од по 15 тенка.





Со почит,
Министерство за Надворешни Работи на Македонија