ИЗБОРНИ РЕЗУЛТАТИ [MO-UP]

Day 1,437, 03:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


Најпрво, голема благодарност на укажаната доверба и поддршка која нашата партија MO-UP ја доби од глассачите на ове избори.
Понатаму, сакам да им честитам на новите 10 Конгресмени кои преку нашата партија ја добија довербата.
И на крај, сакам да ги охрабрам останатите кандидатни на MO-UP кои овој пат не успеаа да влезат во Конгрес да продолжат со добрата работа и позитивниот пример до следните избори кога сум сигурен дека нивните квалитети ќе бидат препознаени од страна на гласачите и во следна прилика и тие ќе ја добијат шансата да работат за доброто на Македонија како Конгресмени.


Дојде моментот да ги сумираме резултатите од овие Конгресменски избори.
И овој месец се повторија доста од аномалиите и маните во изборниот процес со стандардните купувања гласови, подвали, лажења, крадења, плукања... но исто така се случи и мала револуција на свеста кај Македонците. Ако се погледне целосната слика на нови Конгресмени ќе се види дека преовладуваат по стари, по искусни и по стабилни играчи кои влегоа во Конгрес.
Факт кој охрабрува!

ТУКА МОЖЕТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ УБАВА АНАЛИЗА ЗА СИТЕ НОВИ КОНГРЕСМЕНИ!


Што се однесува до нашата партија Macedonian Order-United Party можам да кажам дека сме задоволни од довербата која ни беше укажана од Македонците на нашето деби - прво излагање на избори.
Сумирано на крај, Macedonian Order-United Party доби вкупно 537 гласови од Македонските гласачи за своите кандидати со кои освоивме 10 Конгресмени или 23.26% од Македонскиот Конгрес.
Овие бројќи, посебно бројката на вкупно освоени гласови, која ја најдминува бројка ана членови напартијата говори многу за поддршката која нашата партија за многу кратко време ја доби меѓу Македонците.

Ова се 10те Конгресмени на Macedonian Order-United Party во новиот состав на Македонскиот Конгрес:

-Hoban Washburne
-bibermk
-Kanopy
-drakalbt
-BlackMK
-sime0ss
-Kirijana
-MeDs Leinad
-Prilep4an4e
-Voix of Macedonia



Со малце поголема координација и по агресивна кампања можевме многу лесно да дојдеме до уште 2-3 места со што ќе бевме и најголема партија во Македонскиот Конгрес но тоа не е толку битно во овој момент.

НАЈБИТЕН момент е што MO-UP и кандидати за кои гарантираше нашата партија и кои влегоа во Конгресот, влегоа крајно регуларно и поштено БЕЗ никакви купувања гласови или други нечесни работи.
Квалитетот на понудените кандидати беше нашиот императив и успешна комбинација за ваков резултат а гласачите тоа го препознаа па ни укажаа толкава доверба.

Macedonian Order-United Party продолжува во градењето на својот имиџ на кој верувам ќе доенесе поголем успех веќе на следните избори.

Обединети сме посилни!
MO-UP!