ДА НАПРАВИМЕ ПРОМЕНА [MO-UP]

Day 1,431, 08:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Здраво-живо Македонци и останати еГраѓани на Македонија,

После подолго време се појави потребата да напишам статија. 🙂



Како што и сами знаете во последниве неколку месеци во еМакедонија сведоци сме на владење на политичка криза која на моменти преминува во тотална анархија и самоволије. Не сакам и нема да навлегувам во анализи поради што, како и кој е одговорен. Судот за тоа ќе ви го оставам вам.
Поентата на статијава ми е во сосема друг правец - понуда за можен излез од ваквата состојба и ставање ред во партиите и политиката во еМакедонија.

МТО од самите почетоци немаше никаква желба или потреба да се меша во политика и политички партии директно. Од тие причини беше оставено на секој поединец (член на МТО) да си одлучи сам која политичка опција ќе ја следи или поддржува. Официјален став и да сме имале понекогаш, секогаш бил неутрален или конструктивен со актуелниот претседател / Влада и никојпат не сме принудиле никого од нашите членови да мора да го следи или да се согласува со него.

Затоа имавме своја партија која беше чисто од забава - МТО Секта.
Накратко историјата на таа партија ќе ја препознаете преку:
-Илија (Ionut Cristian) - основачот, кој jа превзема и основа МТО сектата,
-Кики (Kris.S) - девојчето кое делеше љубов преку неа, 😉
-Апо Неарниот (Apo Nenormalnio) - авијатичарот кој демонстрираше “авторитет“ и “строгост“ над скромното но верно членство 😃

Но со констатираната состојба во еМакедонија решивме дека дојде време да се вклучиме и ние малце посеризно во политиката и преку отстапување на МТО сектата за доброто на сите да понудиме решение за надминување на политичкава криза. Па така МТО сектата ја реформиравме и надградивме. Од формално-забавна секта на МТО сега еволуира во “досадно-сериозна“ политичка партија за сите еМакедонци 🙂




И официјално Macedonian Order-United Party се оформи на Македонската политчка сцена се со една цел - ставање на ред и поредок во Македонското општество и политичко делување, како и обединување на сите прогресивни сили во остварувањето на таа цел. Од таму и името на партијата симболизира Order (ред и поредок) и United (обединување).

Што ново има да понуди оваа партија?


Најпрво, реформа во внатрешното функционирање.
(ОБЕДИНУВАЊЕ) Во партијата ќе се оформи Конгрес од делегати како највисоко советодавно тело на партијата. Бидејќи MO-UP и во моментов обединува повеќе паравојски (ДБК, МТО, МСК...) секоја од нив која ќе има минимум 30% од своите војници во членството на MO-UP ќе има право да биде застапувана преку свој делегат на Конгресот на MO-UP.
На овој начин одлуките во партијата ќе се носат со консензус преку гласање од сите засегнати страни кои MO-UP ги обединува во своето членство.



За оваа цел MO-UP за утре го свикува и првиот (основачки) Конгрес во 20ч на чат каналот #MO-UP.
затоа апелирам на сите паравојски кои членуваат во MO-UP и го исполнуваат условот да размилат за свој претставник (делегат) и да ме контактираат во ПП за да ги договориме деталите околу Конгресот.



(РЕД И ПОРЕДОК) Втората реформа која ја нудиме е ставање на ред во изборот и предложувањето на официјални кандидати за Конгресмени и Претседатели на еМакедонија.
Долго време слушаме поплаки за работата на Конгресмените и ветувања за промени во овој дел од политиката но досега ништо конкретно не се направи а сите ги сносевме последиците од лошата работа на поедини Конгресмени кои нанесоа големи штети на целата држава.
Решението кое ние го нудиме не е ништо спектакуларно туку само поинаков пристап на веќе заговараните црни списоци за идни Конгресмени.
Имано, нашиот предлог е т.н. Црни списоци наместо за цела Македонија, да си ги води секоја партија интерно за своето членство бидејќи и официјалните кандидати сепак влегуваат со амин на партијата ден пред изборите.
Во MO-UP, бидејќи правилата на играта не даваат друга алтернатива, секој е слободен да се зачлени и да се кандидира за Конгрес НО пред да биде официјален кандидат последниот филтер и збор ќе го има токму Конгресот на Делегати на MO-UP кој ќе заседава два дена пред изборите и ќе одлучи со консензус и гласање кои кандидати ќе бидат официјални на партијата за секој регион одделно. Значи ќе се преиспитува секој кандидиран член на партијата и ќе се одберат на официјална листа само нај способните, нај сериозните и нај докажаните луѓе со што веруваме дека ќе ги обесхрабриме несериозните и недораснати еМакедонци кои сакаат да бидат Конгресмени. На овој начин барем MO-UP ќе си ја превземе одговорноста за своите предложени кандидати со што планираме нашата партија да стане синоним за стабилна и серизна плартија во еМакедонија.



На надворешен план Партијата ќе ја претставува и застапува Претседателот на партијата но за секоја покрупна одлука ќе свикува Конгрес на делегати кои ќе одлучат за истата.




На кратко (во текстов сепак долго 😁 тоа е нашата Програмска Понуда а на Вас останува одлуката дали ќе го препознаете и поддржите нашто Решение и дали ќе одлучите да ни се приклучите во MO-UP и со тоа да ни помогнете да ставиме ред на политичката сцена во еМакедонија.



Доколку се решите за нас повелете уште денес, ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО MO-UP:
http://www.erepublik.com/en/party/macedonian-order-united-party-3657/1



Останатие партии во еМакедонија сакаме да ги успокоиме да не се секираат бидејќи MO-UP нема за цел да биде најголемата по членство партија во Македонија а со тоа и да им го превземе приматот, туку да биде партија која го дала иницијалниот импулс за промена во начинот на функционирање на една партија и да биде репер за вантрешна одговорност на една апртија за понудените кандидати за Конгрес.
Во исто време ги охрабруваме сите други партии во еМакедонија да го следат нашиот пример и да дадат свој придонес во подобрување на целокупната состојба во еМакедонија.

Ако сите работиме заедно и сложно кон иста цел без да дозволиме љубомората, егоизмот и искомплексираноста да не сифрлат од зацртаниот правец ќе направиме општество подобро за сите.
Ако текстов погоре не ве мотивираше да се приклучите на MO-UP тогаш верувам сликава ќе го стори тоа 😃



MO-UP ве поздравува и ви посакува мирни и без инциденти претстојни Конгресменски избори 😃



Разгласи:
ДА НАПРАВИМЕ ПРОМЕНА [MO-UP]
http://www.erepublik.com/en/article/-mo-up--1886831/1/20