[MзИ] – Вести од Аурора - Нов Генералштаб

Day 2,535, 16:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje
(забелешка пред да почнете со читање, ова е само превод на оригиналната статија објавена од весникот на Аурора)



Војници од Аурора, војници на светлината,

Оваа недела избравме нов Генералштаб на Аурора. Имавме само по еден кандидат за Генерален Секретар и за Врховен Командант и имавме 4 кандидати за Портпарол. Еден од кандидатите за Портпарол се откажа и останавме на три. Кандидатот со најмногу гласови беше прогласен за Портпарол, а другите двајца ќе бидат Заменик Портпароли. Имаше некои промени во водството на алијансата и дискутиравме планови за месецов. Голем дел од плановите се за подобрување на комуникациите и за снабдување на алијансата со ресурси. Ова се новите членови на Генералштабот:

Генерален Секретар - Dead Girls Cant Say No (Paco😵
Врховен Командант – An Sluagh
Портпарол – Kordak
Заменик Портпарол – Lalo292
Заменик Портпарол – Squatriota



Од Портпаролот Кордак:
Голем дел од вас веќе знаат дека Германија ја напушти Аурора. Наскоро (до крајот на неделата) ќе објавиме статија со повеќе детали. Но мислам дека не треба да паничиме поради ова. Политичката и дипломатската слика во еСветот се менува постојано. Алијансите се градат и се рушат, но едно нешто што постојано останува е братството. Некои алијанси, како поранешен TWO, се концентрираат на бонуси, други сакаат слава во епски битки. Но ние во Аурора се бориме за нешто друго, ние се бориме за БРАТСТВО! Знам дека ова звучи како некој мотивациски говор, но тоа не е точно. Се дури се држиме заедно и си помагаме едни на други ќе имаме причина да постоиме. Ако имаме само победи и постојано 10/10 бонуси, набрзо играта ќе ни здосади.



Ми се допаѓа идејата на фалангата на античките македонци. Тие биле луѓе кои ги бранеле своите домови стоејќи обединете во една формација да им се спротивстават на непријателите. Ако се бореле поединечно, дефинитивно би изгубиле, но борејќи се рамо до рамо биле незапирливи. Да бидеме и ние во алијансата исто како што биле војниците во Фалангата и да се бориме заедно!



Благодарам за вашето време
Генералштаб на Аурора

(преведено од Министерство за Информирање)