[MНР Македонија] Преговори и новости

Day 1,724, 17:20 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Здраво Македонијо,

По првата статија и објавувањето на тимот кој ќе работи во овој месец излегуваме со нова статија во која поопширно е објаснета надворешната политика на еМакедонија за овој месец. За овие 4 дена успеавме да направиме договори со некои земји, да склучиме НАП со нашиот јужен сосед и да договориме соработка со една млада земја која ќе ни биде од голема корист во ноќните часови. Сите детали ќе можете да ги пронајдете подоле во објаснувањата.


Македонско - Швајцарскиот договор

Со почетокот на нашиот мандат започнавме преговори со Швајцарија за регион кој ни е од голема важност односно регионот Deutschschweiz ( железо ). Преговорите поминаа во најдобро светло и еве ги деталите:

Швајцарија гласа закон за природен непријател над Македонија и ги губи своите МПП за кои Македонија треба да плати 140 000 МКД. После изгласување на законот Швајцарија напаѓа на еден наш регион и ја губи битката. Потоа Македонија ги напаѓа Deutschschweiz и Romandie со што законот се прекинува. Потоа Швајцарија ќе дигне востанија кои Македонија МОРА да ги изгуби односно востанија во Graubunden, Svizzera Italiana и Romandie. Во договорот стои дека Македонија мора да ја заштити Швајцарија за конгресменските избори.

Што Македонија добива од овој договор?

- Бесплатно железо односно ослободување од плаќањето рента на Црна Гора. Македонија повеќе нема да дава пари за црногорскиот регион и при зазвемањето на Deutschschweiz го враќаме истиот регион на Црна Гора.


Договорот со Албанија

Македонско - албанските односи секогаш биле кревко прашање поради територијалната блискост. еМaкедонија сега се наоѓа во завидна положба, па ресурсите од Албанија кои порано навистина ни користеле, сега повеќе не ни се потребни, односно истите веќе ги имаме во Италија. Затоа, отпочнати беа преговори со новата влада на Албанија, со која постигнавме договор, ги содржеше следните услови: еМакедонија договорено ќе и ослободи еден регион на Албанија, и тоа регионот Southeastern Albania, со ресурс нафта. На сметка на слободата на Албанците, Македонија ќе ги има двата преостанати региони како сигурни територии со ресурси, а нивниот сојуз и самите нивни граѓани нема организирано да пружаат отпор во востанијата. Овој договор е валиден до 5ти септември.


Ситуацијата околу Чиле

За ова прашање би раскажал во кратки црти бидејќи не би ги откривал сите детали додека не се завршат сите договори околу ова. На големо се дискутира влегувањето на Чилеанци во еМакедонија односно на Чиле ќе им бидат овозможени македонските ресурси за зајакнување на нивната армија . Со ова Македонија ги зајакнува односите со Чиле и добива сојузник кој ќе биде клучен во ноќните битки во дивизија 1 и дивизија 2. За ова не би ги откривале останатите детали, бидејќи сеуште ништо не е званично. За ова ќе се одлучи на состанок кој ќе биде одржан утре и ќе има повеќе информации во наредната статија од МНР.


НАП со Грција

Македонија склучи НАП со Грција до 07.09.2012. Со самиот НАП Македонија е заштитена од јужната страна и можните напади од нашиот јужен сосед. Со овој НАП не губиме ништо, а добиваме слобода за ширење и можност за уживање на 9/10 ресурси кој ги имаме во моментов.


Односот Полска - Македонија

Поттикнати од истекувањето на МППто со Полска, беа отворени дискусии помеѓу нашиот МоФА тим и полскиот претседател и дел од неговиот кабинет. Од двете страни беше покажана видна желба за соработка овој месец, што е доказ дека пријателството помеѓу овие две земји, кое датира од одамна, е посилно од зборови кажани во афект. Полскиот претседател го предложи законот за МПП, кој беше прифатен од двете страни, со што уште еднаш се докажа дека навистина овој месец сме подготвени да ги оставиме лошите случувања зад нас.


Текот на преговорите Македонија - Франција

Уште во првите денови од нашата работа воспоставивме контакт со новата влада на еФранција, потег кој беше неопходен за остварување на нашите идни цели и планови за добивање на ресурс плус. Им беше понуден НАП кој секако ни е од корист, бидејќи еМакедонија моментално ужива 9/10 ресурси, и дополнителен одлив на штета не ни оди во прилог. Овој предлог сеуште се разгледува помеѓу членовите на францускиот конгрес.


Беа обновени и МППата со Црна Гора, Молдавија, Полска, Словенија, и за прв пат потпишавме МПП со еЈапонија која и официјално е членка на сојузот CoT, со што добивме нов сојузник.



Со почит,
МНР еМакедонија



За шаут:
[MНР Македонија] Македонските преговори и новости
http://tinyurl.com/bmy7yzl