Весникот “ЗЕНИТ ПРИЛЕП“ прекинува со работа!!!

Day 1,189, 11:52 Published in North Macedonia North Macedonia by STEFANPIPO

Чекај, не исклучувај

Најпрво сакам да кажам дека неделникот, а не весникот “ЗЕНИТ ПРИЛЕП“ прекинува со работа. За ова постојат повеќе причини.

1. Време

Прв, а и најголем проблем ми задаваше времето, кое го немам баш во изобилие. За да се напише и да се среди голема и содржајна статија ми требаат околу 4-5 часа, што ги распоредувам во 2 дена. Исто така за да го издавам неделникот мене ми требаат информации, кои ги собирам и ги запишувам секој ден, што значи јас имам секојдневни обврски околу весникот.

Ако на тоа се додаде дека работам во еМакедонскта Влада, поточно во Министерството за Информации, тогаш слободното време ми е најпотребно, а јас го немам многу.

2. Читаност

Како што поредовните читатели знаат во почетокот немав некој поголем успех, но во 3тиот и 4тиот доживеав баш голем успеах, воедно тоа беа и моите најуспешни статии со околу 600 и 400 глас, соодветно. Исто така тие беа најголемите “виновници“ околу освојувањето на ММ медалот. Но подоцна бројот се намали на околу 180. Исто така бројот на претплатници се намали на околу 20 по број, затоа што во последниве 4 броја добив само 100 нови претплатници. Што за весник, за кој треба олку труд е прилично малку. Подобро би ставил неколку жени со големи цицки и неколку реченици и би добил многу повеќе, ама јебига што да се прави.

3. Откажување од политика


Третата причина е тоа што сакам да се откажам од пишување на политика во весникот, затоа што таа станува досадна. Но тука се наѕира и друга можност, а тоа е да започнам забавник “Зенит“, кој целосно ќе се посветува на забава и тепање на време на еРепублик.

4. Станување бизнисмен.

Моментално поседува 2 фирми, една за жито и друга за леб. Но мојата намера е да го проширам мојот бизниз и да купам уште една фирма, а можеби уште една. Овие две компании најверојатно ќе бидат за железо и оружје, ќе бидат и моите последни, барем за некое време, затоа што моите наредни планови се да ги надградувам. За да ги раководам овие комапнии ми е потребно време па затоа морам да се откажам од нешто, а во овој момент најразумно ми изгледа да го сторам тоа со весникот.


Иако знам дека многумина сакаат да продолжам со оваа работа, но моментално не сум во таква состојба, но еве ги моите намери за во иднина

1. МММ Акцијата “50 Gold“ си продолжува со своето функционирање, минимум до 10тата тура.

2. Пишување актуелни новости. Ова мене ми се чини најдобро, затоа што се пишува за нешто актуелно и оригинално се добиваат добар број на нови претплатници.

3. Мислам да започнам со забавник “Зенит“, кој целосно ќе биде посветен на забава на еРепублик.

4. Да продолжам со неделникот “ЗЕНИТ ПРИЛЕП“, но мислам дека ова нема да се случи во блиска иднина.

Но сепак останува времето да одлучи за се.

Поздрав и со здравје до следното видување

Искрено ваш, STEFANPIPO