Второ претседателско обраќање [Hristijan Tasevski]

Day 2,421, 14:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Оваа статија испадна сосема непланирана, но чувствувам потреба да ве информирам за моменталните случувања и се разбира да видам какви се вашите размислувања.

Со оглед на тоа дека моментално е актуелен неделниот турнир ќе започнам од него. Се надевам дека сите ја прочитавте статијата на lazarosaMKD во која направи одлична анализа. Со оглед на тоа дека сме финансиски многу слаби овој турнир ќе ни биде од голема помош. Заради тоа сакам да напоменам дека за доброто на Македонија е секој еден од нас да пука максимално во текот на наредната недела бидејќи со тоа индиректно донираме и помагаме да закрепнеме финансиски. Во пресрет на турнирот имаме можност да започнеме тренинг војна со Нов Зеланд, но пред да донесам било каква одлука сакам да го видам вашето размислување. Исто и вие пред да донесете одлука размислете дека ова ни се единствените безбедни региони.


Околу Неделната донаторкса акција како што напоменав во претходното обраќање ја продолжуваме привремено, а за целата организација ќе биде одговорен ORIGINAL MKD кој ќе ги контактира оние кои што донираа до сега и ќе ви го претстави новиот начин на функционирање. Исто така јавно повикувам сите што сакаат да се вклучат во Неделните донаторски акции да го контактираат ORIGINAL MKD.


Само за крај сакам да напоменам дека веќе преговарам со еден од нашите најголеми сојузници, Чиле, како што знаете имаме огромна поддршка и безрезервно ќе ни помогнат да ги вратиме нашите региони кои што ќе ни ги зголемат приходите, но моментално дискутираме околу тоа што потоа како да ги задржиме. За неколку дена се надевам дека ќе имаме конкретен договор и ќе можам да ви ги соопштам деталите.

Поздрав,
Христијан Тасевски