За и околу... [El Che]

Day 2,251, 12:40 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

Добра вечер Македонија,каде и да си!

Не знам после колку време,еве и моја статија.Конечно почнаа да се придвижуваат работите и на оваа игра и малку од малку станува пак интересно да се отепа некој дел од денот 🙂

ТВО сојузот забрзано се распаѓа,Нормално и очекувано,зашто ниедна работа не може да опстои на вештачка основа,лажно пријателство и суров и груб интерес.
Во очекуваање сме на судур на двете најсилни членки на тој сојуз:еСрбија и еПолска,ама за тоа-потоа...
Каде е Македонија во сите овие случувања?
Некој ќе рече во незавидна положба и окупирана.Можеби е и точно тоа,но ситуацијата се менува,а од Нас самите зависи како ќе одиграме и колку ќе материјализираме од овој хаос.

Сме ги пробале и двете страни.

Онаа империјалистичката,кога се трудевме само и само да ги прошириме што повеќе границите на нашата држава,не водејќи сметка за другите заедници.Гледано од временска дистанца се каам за доста работи.Немавме време,ни желба да се посветиме на градењето на вистински пријателства.Примарни ни беа ресурсите.И самите знаете дека заради тие ресурси влегувме во конфликт и со нашите сојузници:србите,словенците,кипарците,србите,ирачаните,србите,шпанци,полјаците...Или пак водевме есап на другите држави:полјаците,словенците,србите..зашто тие да имаат толку територии,толку ресурси,па дали го заслужувваат тоа,па дали биле од нивните дедовци,па ние сме ги ослободиле и кои уште не глупости...Не дај боже нашето ЦП да сменеше КоД и наместо наше РВ да поставеше некоја битка која беше од приоритет на сојузот...абре статии се пишуваа со пцовки,клетви...
Резултат на сето тоа:го ебавме тате коњот 🙂
Но не беше само наша вина.И наши сојузници од ОНЕ болуваа од истата болест:ненаситност и бесчувствителност....и сеуште боледуваат.А да не зборам на разните задкулисни игри од некои олд фагети од ОНЕ со нивните математики,шеми и немање РЛ забава и секс.Главоболки кои не поминуваат ни со аспирин.
Од сето ова правам исклучок на војните и окупацијата на двоцевките.Заслужуваат и повеќе од тоа,зашто пофашизоиден народ,па и е-народ немам видено!!!

Втората етапа од нашето опстојување:КоТ,вечната борба за слобода,големото ресетирање...
Мислам дека во овој период како е-нација почнавме да градиме некои морални вредности и принципи и почнавме да созреваме.Не ни се веќе важни ресурсите туку повикот на сојузникот за помош,за заедничка акција.Стекнавме вистински пријатели,без задни игри,без калкулации...Сојузници кои се жртвуваат се само да помогнат.Видовме што значи вистински пријател и научивме како треба да се чува истиот.
Овој период некако повеќе ми се допаѓа 🙂

Влегуваме ,според мене ,во третиот период од нашето постоење.Новата светска прераспределба на силите.Треба да изиграме мудро.Доста веќе војуваме за други интереси.Нашите интереси се базираат само на два принципи:
1.Индонезија,Бугарија и Чиле
2.Ни во пеколот заедно со двоцевките
Овие два принципи не смее да ги погазиме,зашто со тоа и сами си правиме штета.Што и да ни нудат другите доволно е само да се потсетиме кој беше со Нас до самиот крај,кога ни беше најтешко...А верувајте веќе почнаа со тоа и веќе се обидуваат да не разделат.Поединечно,можеби и не сме некоја велесила,ама заедно,во пакет е друга приказна.
Да,можно е да се соработува и со другите,само не погазувајќи ги овие две точки!

На крај би ве замолил само една работа:Да размислуваме со ладна глава.Да не потпаѓаме на разни провокации,а и самите да не троламе.Да не ги отвараме старите рани и да не ги затвораме сите врати.

И уште нешто:Дајте бре малку позитивна атмосфера.Доста ми е од статии и постови овој вака ми направи,овој вака ми рече,овие вакви,оние никакви.Никој не сака луѓе кои шират негативна енергија!!!

П.С.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА