ДЕНЕС МИ Е eРОДЕНДЕН......[NINJA]

Day 1,518, 11:49 Published in North Macedonia Bulgaria by Mitko Makedonecot

Денес е денот (16.01) кога пред 1 година се заразив со играва.
Признавам, се навлеков.


На некоја страна (он.нет мислам),прочитав за играва , си креирав профил, ги прочитав сите достапни тутроијали и трк на чат.


Дојде и моментот на мое членство во првата Воена Единица Мacedonian Attacking Force) цели 3 недели , дури не ни го банираа лидерот (УАААААААААААА, МУЛТАШИИИИИИИИИИИ)

Запознав прекрасни луѓе, камиказирав против Бугарите кога не окупираа
,
ја формиравме Македонска Фаланга

беа тоа убави моменти, преполни со ентузијазам и емоции.

Се боревме за еМакедонија, беше прекрасно да се види Империјата во својот полн сјај.

Се мешав во политика,се со цел да помогнеме на еМакедонија.Бев конгресмен,председател на конгрес заедно со Voix, mandanata, нека не се лутат другите несудени колеги од тогашниот конгрес. Доста е еднаш во конгрес, нека може секој барем еднаш да влезе и да добие медал.

Поздрав до дечките од МРДЉС (Хаос Ордер мафијa- dimzaaa, Boban М, Mina) со кои влеговме во фер и другарска соработка.
Легендарниот несуден председател, богот Lavcan , да не кикснеше....кој знае кај ќе ни беше крајот.

Се менуваа председатели и гарнитури, секој сакаше да лизне (а некој и да брцне) во медот


А имаше и такви кои како вредни пчелички го собираа (Don Tas со неговиот wingman Boban M)...нека има за тие што ќе дојдат по нив


Секојдневното киснење на чат, следење наредби, бистрење политики, доведе до заситеност, па еден период се посветив повеќе на фамилијата.

Ама зараза е зараза, пак се активирав ,меѓутоа тој одмор ми помогна да сфатам дека ова е само игра и не вреди да се нервираме и да си ги расипуваме РЖ пријателствата.

И пак одново цел циклус, заради одредени идеолошки несогласувања ја напуштивме Македонска Фаланга и со поголемиот дел на членовите ја формиравме единицата ПРЕДАТОРИ



Имаше убави и помалку убави моменти, убавите ги памтам, неубавите се трудам брзо да ги заборавам.
Запознав многу луѓе, пред се виртуелно, се радувам на денот кога ќе можам да се запознаам со сите нив и во РЖ.

Голем поздрав до сите еМакедонци, и главата гордо, само сложно во овие тешки времиња. Сакајте се и почитувајте се.

еМакедонија пред се.

Митко Македонецот а.к.а. Ninja

П.С Лапнете од тортичево, од мене за сите вас.

П.П.С Изволте и ракииче