[DarkoDimovski1]Претседателско обраќање

Day 1,557, 06:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Почитувани граѓани на еМакедонија

Неодамнешните активности на Балканот не натераа да превземеме драстични, можеби и неочекувани чекори во овој период од месецот. Имено, постојаното исчекување за напад од кој било наш сосед непријател, поголемиот број на опции да излеземе од овој, условно кажано, кафез во кој ТЕДЕН не постави, како и вчерашното поставување на нашите драги пријатели еЦрна Гора за природен непријател од страна на еХрватска, ни дадоа патоказ, не насочија да тргнеме кон северот, кон наши стари непријатели. Сепак, главната причина за овој потег е немирноста на нашиот борбен дух. На сите нас ни требаат нови предизвици, нови походи, бидејќи силата и храброста ги поседуваме како вредно наследство, само ни требаше причина да ги искористиме на најдобриот можен начин. И сега ја имаме!

Секој ден е можност за нов почеток. А во ова опкружување, опциите кои ние ги имаме на располагање за започнување на нови нешта се многубројни. Македонскиот народ поседува сила за да се справи со кој било противник. Храброста која ја носиме во себе, секој од нас, е особина на која многумина можат да завидуваат. Ајде да се подготвиме за новиот предизвик! Ајде да излеземе од монотонијата која владее на балканскиот полуостров! Да ги изсдначиме силите и да им покажеме на нашите непријатели дека еМакедонија не го изгубила својот сјај и својата моќ! Со спротиставувањето на еХрватска докажавме дека сме секогаш овде за нашите најблиски пријатели и сојузници! Ние можеме да направиме разлика, ние можеме да помогнеме! еСрбија, еЦрна Гора, се наши најблиски соседи со месеци угнетувани од еХрватите. Не само нив, туку и повеќето земји, сојузници, браќа, од нашата алијанса! Нашите драги пријатели долги периоди ја чувствуваа моќта на оваа држава! Нивната слобода беше одземана со денови поради виза тенкањето! Дојде време и еМакедонија да и се спротистави на најголемата земја предизвик на Балканот, еХрватска!
еМакедонија располага со потенцијал, има поддршка, има доволно добра причина за да отвори нов фронт, фронт во кој мора да дадеме се за да победиме! Ќе биде тешко, но само треба да веруваме во себе. Бидејќи еМакедонија може, ние можеме! Не сме сами, нашите пријатели се со нас, кои ќе се борат рамо до рамо за да можеме повторно да го направиме Балканот слободно место за егзистирање на ОНЕ нациите! Доволно беше страдање, и одземање на причината за игра на нашите пријатели и соседи! еХрватска со денови ги имаше обоено нивните територии во нејзината боја, не дозволувајќи им ниту еден пиксел на е-мапата за да ги потсетува за што тие се борат! Но готово е, ние баравме нов предизвик, ние го добивме!
Да му покажеме на рже-светот дека со еМакедонија не се игра!

еМакедонија може! Јас верувам во сите нас!
Да живее еМакедонија!

Химната за утре пред борба:
http://www.youtube.com/watch?v=zlcDxZr4BRo


Претседател на Македонија,
DarkoDimovski1