ДА ГИ ЗАКОПАМЕ СЕКИРИТЕ [busavg]

Day 2,715, 10:20 Published in North Macedonia North Macedonia by busavg

Овие 2-3 дена се изначитавме и што треба и што не треба по весниците и по шаути.
Од таа причина и јас решив да пишам една статија, но јас би сакал да кажам за она што е и што ни следи, а не што било.

Моменталната ситуација е таква да имаме претседател и диктатор, акаунт кој што е во фаза на бришење (можеби и веќе избришан додека пишувам)
Немаме ни еден регион, а грците успешно си ги ресетираа бонусите на сите места.
Имаме раскарани играчи на сите страни, никого нема да именувам знаеме сите.
И за жал ни една идеја што понатаму. Затоа и насловот да ги закопаме секирите, читам од многу стари играчи по шаути и статии, кои се во политиката поодамна дека требало вака или онака, коги сите тие би се активирале има да се вратиме на старите патеки (сакам да верувам во ова).

Ни треба здрава личност (или група) која ќе превземе одговорност и РИЗИК да ги земе работите во свои раце и колку може да се направи контрола на штета. Под контрола на штета мислам да се почне повторно со донации, да се избере соодветна личност за диктатор/претседател, малку да се поработи на надворешна политика сведоци сме на нови пријателства меѓу пријателите и непријателите само ние тапкаме во место и како тргнало и оние неколку вистински пријатели што ги имаме ќе ги изгубиме.

ЗНАЧИ ДА НЕ ДОЛЖАМ, ПОЕНТАТА МИ Е СЛЕДНА, ПОЧНЕТЕ ДА РАЗМИСЛУВАТЕ ШТО И КАКО ПОНАТАМУ, БИДЕЈЌИ ОТКОГА ПАМТАМ (А ДОБРИ 4-5 ГОДИНИ СУМ ТУКА) СМЕ ВО НАЈЛОША МОЖНА СИТУАЦИЈА.