[Boban_M] РЕИЗДАВАЊЕ НА СТАТИЈА, ГОДИНА 2011

Day 3,370, 14:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski
Уффф од кај да почнам…..1 година на еРЕП.

Како го пишувам ова, ми идат мислите назад…Кој каде како што.

Грција подготвува напад на Македонија ….. го слушам ова на сител вести пред година дена и си викам, WTF ?

И така лепо фино, Сарметина со тој прилог ме убута у играва која никад не завршува 🙂

И така отворив профил. На почетокот мислев дека ќе можам отпосле да си менувам nick ово оно..ама ништо…и само што не ставив матичен број.

На почетокот играва беше не видена тапа. Клик работа, клик тренирање…и кликаш навака натака како будала и се исклучуваш. И полека полека, како така си кликаш, ти влага чивијата.

Прв човек којшто ми помогна во ограва е gnoj01. Видел човекот кај сум пишувал коментар у некоја статија, како се жалам дека немам поим што да праам и ми пиша порака.

И така полека ги запознаваш луѓето во тој виртуелен свет. Првпат се сретнав со о7 … или пак со о//.

United Macedonia и LazarosaMKD ти се брате, бог и батине у играта 🙂.

После тоа гледам дека имало некаков си chat. ExorcistMK ми даде линк да се укључам на #eMKD.
Идам на chat, бата Ване е главен фраер. Си викам у себе, што им е на луѓево бе? Сите се караат се расправаат за некакво си злато, пари, лебови, тенкови, а само бата Ване опнува на канал.

На секое уклучување, [SS]Boban те мава со цигли, а Fricke и тогаш и сега е луд за три села 🙂

Прва единица ми беше Тигри, уште од самиот старт. Таму ги запознав El Che G, Ga-Rado, Pljakot, Kudijan, filozof123…..и така натака.

И да, кај може да не се спомне Струмјанин. Абе и по Тито, Струме 🙂

Па дојде на ред и првото кафе на луѓе од еРеп…Ми врти Rado на телефон и ми вика, ај бе брат на кафе…Ќе дојдат и Ivan Vancho Makedonski и El Che G…И така после состанок, костимиран, идам на зборно место и си мислам у себе: - Абе Бобане, која си ти будала, ќе идеш на кафе со некои си луѓе од некоја игрица да збориш за тенкови и лебови?!? Башка и ако се по 15 години, си ебав мајката, ќе ме затворат.

После тоа, дојде на ред да влезам у Chaos Order. Јаооо мајко мила…Мислам дека се друго се смени у играва, само Chaos си остана хаос. Најубавиот дел од времето поминато на оваа игра, ми е токму во Chaos Order. Таму запознав фантастични луѓе со кои и ден денеска се слушаме по телефон, играме футбал и највише од се, се пијанчиме до смрт.

На ред дојде Chaos Order да прави политичка партија. МРДЉС. На почетокот како зезанција, за месец-два, стана една од највлијателните партии во еМакедонија. Boban_M стана претседател на партијата...не ми се веруе 🙂

Ех, како вчера да беше кога за првпат се логирав на играта, а сега станав и Премиер со клучот од НБРМ у џеп. Опасна работа…абе достигнуче живота..🙂

Имаше и моменти кога ќе разговарам по телефон и без да имам обзир кој ме слуша да си зборам за тенкови, пари, злато. И многу пати така луѓето ме гледале бледо и кој знае што си мислеле. А да не зборам па дека телефонот ми е ставен со voice команда, и кога ќе ми заѕвони, почнуе да вика: - Don Tas, Don Tas…Kong Kong….Mudash, Mudash….И еднаш, жена ми вика, кои ти се овие луѓе бре? Со какви ти си почнал да се дружиш, мајко мила….

Сме победувале, сме губеле. Сум имал злато да тренирам со бустер, сум немал. Ми земале 100 пати BH. Грција не напаѓа, Бугарија не напаѓа. Губимее, ајде бе пукај што чекаш!! Лелеее рефунд не сум земал 5 дена, абе дели ли некој овдека?

И така кога ќе направам ретроспектива, сума сумарум, ништо од тоа и не е важно.

Најважното од се е тоа што запознав прекрасни луѓе.

Убаво ми е кога ќе отидеме со Дон_Тас и Миа на крилца и пиво “Кај Перо”. Убаво ми е кога ќе отидеме со Конг, Мудаш, Спиро, Лавчан на кафе.
Нема никогаш да ги заборавам собиранките во Кафе54, Ego, Mania.Идењето во Струмица, идењето во Штип. Нема никогаш да ги заборавам седенките и журките со Chaos момците и Chaos Cats. Секогаш ќе се сеќавам на роденденот на еМакедонија и на сликата пред Александар Македонски, каде сме собрани стотици луѓе.



Сите вие момци/девојки кои што ве запознав во играва, ми го збогативте животот. Да сте ми живи и здрави сите и уште многу години да се дружиме.


о7