„Тајната“ формула на ботот

Day 1,646, 13:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Постојано се вртат муабети за некаква си формула по која пресметувал ботот. Некаква таинствена виша математика која само мал број ја знаат и умеат да ја употребуваат.



Реалноста е многу поедноставна од тоа и воопшто не наликува на сликата горе. За жал премногу долго и во премногу сфери на играва се создава фама дека нештата се многу сложени, дека ниту едно бебе не може да ги разбере, дека само „одбраните“ можат да дискутираат на одредени теми итн. Всушност таа страшно комплицирана формула е многу повеќе налик на следнава:



Имате само 3 вредности:

1. Основната сума
2. Данокот во земјата каде што продавате
3. Цената по која купува ботот

1. Основната сума

Таа се добива кога ќе одите во магацин и го одберете продуктот што сакате да го продадете, на пример жито. Во моментот кога ќе го одберете играта ќе ви понуди некоја почетна сума. Токму таа сума е основната сума. Во случајот на житото таа е 0,07 МКД.

2. Данокот во земјата каде што продавате

Да речеме дека продавате во некоја странска земја. Повеќето имаат ист данок, а тоа е 99%. За да ги претворите процентите во конкретна бројка, ја земате основната вредност на производот и пресметувате 99% од неа. Во нашиот случај со житото, тоа е 0,07*0,99=0,0693 или бидејќи се заокружува на втора децимала имаме 0,07 МКД.

3. Цената по која купува ботот

Таа е всушност едноставна сума од претходните две вредности. Во случајот со житото тоа би значело: 0,07+0,07=0,14 МКД

И толку 🙂


Plainswalker