Реактивирање на Baby's Squad

Day 2,594, 10:49 Published in North Macedonia North Macedonia by ATEHTATOPOT

Точно е дека нов играч регистриран денес на играва нема никогаш да има некакво влијание на воено поле и нема никогаш да смени некоја важна битка освен ако не направи значителна сила во д1.

Од тој аспект јасно е зошто не се форсира бејби бум кога на прв поглед е бесмислено. Но, откога во играта се воведе Combat Order, се што треба да се направи за да се добие битка/кампања е да имаш пари. Тука и те како ќе ни пријаат нови играчи, на кои ќе им биде сугерирано да се ангажираат економски и да се развиваат, за разлика од досегашната стратегија да тренираат само и ништо друго (тоа на секој жив би му било досадно и секој ќе батали после недела - две.)

Толку за потребата од бејби бум, сега околу погрижувањето за тие играчи. На времето Baby's Squad беше официјална единица за новите играчи. Таму почнав и јас и уште сум таму, заедно со постарите играчи и денес им помагаме на тие што им е потребно, како што јас на времето добивав помош од Ел Че, Ефиљо и останатите. Се повикуваат сите на кои им е потребна помош од тенкови и храна секојдневно да ни се приклучат за полесно координирање. Штетата на единицата воопште не ни е битна, да не бидам погрешно сфатен од другите единици. Моментално единициата ни се состои од малку бебиња а повеќе играчи кои што сакаат да помогнат.
Секоја донација е истотака добредојдена. Доколку некако во блиска иднина се реализира бејби бум (на што искрено многу се надевам и би вложил секакви напори и јас за тоа да се реализира) BS пак би можело да биде местото каде ќе се развиваат нови играчи овој пат не тенкови, туку бизнисмени. 🙂
За почеток ќе се дели храна и тенкови за д.о. дневно.
Поздрав.

Линк од единицата: http://www.erepublik.com/en/main/group-show/1368