ПОДГОТОВКИ ЗА НОВ BABY BOOM

Day 1,225, 14:01 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina



ГЛАСАЈ И ПОСТИРАЈ ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ ГОРЕ

ПОДГОТОВКИ ЗА НОВ BABY BOOM
http://tinyurl.com/62hvrpg


EDIT:

Со оглед на тоа дека планот е позитивно прифатен од најголемиот број играчи, очекувам Конгресот да ми даде дозвола, па потоа ќе одиме со статија во која ќе се бараат доброволци кои ќе бидат дел од тимот кој ќе го спроведува овој план

По бројните успеси на еМакедонија на бојното поле, се чувствува потребата од сериозна координација на еМакедонците во насока на зголемување на наталитетот. Веќе не сме земја со 3 региони, не сме на мета на разни држави кои сакаат да ни направат превземање на власта и што е најважно, постојано сме во војна, а кога станува збор за бебиња... војната ќе се согласиме е најголемиот зијан, ако ние не сме подготвени.

Затоа, на барање на Претседателот на ОеМ United Macedonia ви го презентирам мојот план за пораст на наталитетот во еМакедонија и план за припрема за нов Бејби Бум.



Секако, овој план не значи ништо доколку мнозинството во Конгресот не го одобри и доколку поголемиот број од граѓаните не застанат зад него.

Она што треба да го решиме...

За што поголем процент на задржавни играчи потребни ни се квалитетни подготовки. Доброто е што не мораме да брзаме, бидејќи овие подготовки немаат рок. И после месец дена да ги објавиме, ефектот е ист... потребно е ние, како држава да се подготвиме.
Кога пишувам да се подготвиме, мислам на:

1.Готови туторијали (има многу нови работи, па старите не знам дали се ок),

2.Комплетно спремен канал на чат

3.Спремни средства за леб и друга помош во државна каса (предлагам да се отвори посебна сметка за тоа во некоја од државните организации и секој да донира колку може)

4.Координирано рекламирање на туторијалите (цел тим на играчи кои додека се онлајн на одредено време ќе праќаат линкови)

5. Тим од поискусни и поелоквентни играчи кои ќе им праќаат пораки на новите и ќе им нудат помош

6. Готова поздравна порака која Претседателот ќе ја подготви и која ќе им пристига на новите играчи


Ако изработиме како што треба, можеби ефектот ќе ни биде ист и покрај помалата покриеност во јавност. (реално е да очекуваме помала покриенсот во медиумите со оглед на тоа дека на Сител одевме 2 пати, а со А1 и немам баш некои добри контакти)

Рекламирање на еМакедонија надвор од играта

Можеме и да се договориме да направиме еден тим од неколку играчи кои ќе имаат задолжение, поинтересните работи од нашата еМакедонија да им ги праќаат на меил на медиумите од реалниот живот. Да се направи еден официјален меил на еМакедонија и преку него овој тим да ги информира медиумите од реалниот живот. Еден да ни одговори, ќе имаме ќар (ваљда ќе можеме кај повеќе)
Друг начин, е да договориме луѓе кои преку Facebook ќе праќаат реферали, линкови, слики и слично.
Секако, секој нов предлог е добредојден и се надевам дека ќе ги има повеќе.
Што се однесува до просторот каде што ќе објавуваме информации кои ќе ни донесат прилив на нови играчи, сите ќе бидат известени на време.
Ако некој има контакт со одредени медиуми, доколку планов се прифати, нека ми пише порака за да може да го искористиме и тоа.

Очекувам да слушнам повеќе ставови во врска со овој план како и предлози за негово подобрување и усовршување. Секоја конструктивна забелешка ќе биде сериозно разгледана и земена во предвид.

Со оглед на тоа дека станува збор за важна тема за еМакедонија, ве молам гласајте го артиклот за да го видат повеќе луѓе и да добиеме повеќе мислења и нови предлози

ГЛАСАЈ И ПОСТИРАЈ ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ ГОРЕ

ПОДГОТОВКИ ЗА НОВ BABY BOOM
http://tinyurl.com/62hvrpg



Поздрав !!!

Бидејќи мрчевте дека пишувам долги статии, еве ви една пократка 🙂