[ARM-TIGRI]Регрутација на мачиња

Day 2,805, 04:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Taso Legenda


Добар ден Македонијо !

Добар ден еМакедонијо, еМакедонци, Македонци, Македонки, Патриоти, Воени профитери, еПолитичари, еНовинари, еКомандири и што уште не во ова наше мало општество.

Воената единица ТИГРИ со секогаш отворени порти да се приклучите на нашето семејство.

Во продолжение е раскажана приказната на АРМ - ТИГРИ, барем онаа која јас ја знам.. А знам доста, веќе сум 2 години тука, и не планирам да одам никаде !

[Епоха на ТРТЕ Т како командир]

Тоа што се обидуваме да го направиме веќе некое времe полека се остварува. Кога дојдов јас во ТИГРИ, единицата со прости зборови беше руинирана, имаше 4-5 членови активни на чат. Тогаш ни истекна да отвориме нова регрутација, се договоривме како ќе работиме и што ќе правиме. Целта ни беше скромна, да постигнеме 15 активни членови на удар. Регрутацијата започна, дојдоа неколку луѓе полека живна каналот. И после оваа регрутација беа поставени темелите на ТИГРИ. Луѓето што дојдоа, сите беа свесни дека виртуелните пари и виртуелното богатство не се воопшто битни, кој што имаше даваше на другиот, функциониравме како едно, затоа и стигнавме до тука. Собиранки, смешки, шали, сериозни муабети за нашава еРепублика, станавме еСемејство. Нашите амбиции не застанаа тука. Сакавме да најдеме уште наши истомиселници, на кои им се јебе за виртуелно богатсво, и се тука за дружење. Отворивме уште регрутации, дојдоа уште членови, мислевме дека важи старата, неможеш да имаш и квантитет и квалитет, испадна дека може. Единствена работа што се смени, се сметките во кафаните кои рапидно се покачија....

[Епохата на ТРТЕ Т како командир и Наташа првиот Претседател од рангот на ТИГРИ]

Од минатата регрутација до сега се проширивме од 120 регистрирани ТИГРИ на 166(во моментов) регистрирани ТИГРИ и сигурно уште толку не регистрирани кои не сакаат да признаат (Пример: goodbeer и цела Панзерска Чета). Бројот на конгресмени од нашата единица секој месец расте, како одзив на угледот кој го има единицата. На чело на нашата сакана татковина конечно застана ТИГАР кој успешно ја води државата, што уште еднаш покажува на фактот дека ТИГРИ се сериозна единица, со сериозни луѓе кои уживаат во добра заебанција. ( о7 Наташа, знам дека ти недостигаме ) 🙂

[Епоха на Davorsk8 како командир]

Сега ТИГРИ бројат речиси 300 активни членови, од Д1 до Д4, без разлика на сила, ранк поени сите сме исти, сите пукаме како еден за Македонија кога највеќе И е потребно. На секој удар секогаш сме најбројни, со барем 20 членови. Тоа што го замисливме со ТРТЕ Т пред година-дена го остваривме, сега под водство на нов Лидер - Davorsk8

[Епоха на ONCE A TIGER ALWAYS A TIGER a.k.a. Роберт како командир]

Моментално не сме во можност да зборуваме за бројки затоа што ТИГРИ се приклучија кон Macedonian Army по повод натпреварувањето за кое сите сме информирани. По моја груба проценка бројката на ТИГРИ е искачена некаде на 350 ТИГРИња кои активно учествуваат бранејќи ги достоинствено боите на еМакедонија и нашето сакано еСемејство ТИГРИ. Удари од државата више нема, сепак и во 1:03 наутро кога ја пишувам статијава на канал има преку 10 активни членови кои разговараат за тоа како МТОсе обидува да не ги "земе" членовите. Јбг можда сте бренд бе брат, ама сте далеку од Семејство 😉 За овие 2 години откако сум јас дел од Братството наречено ТИГРИ успеавме да ја издигнеме единицата во ТОП3 во еМакедонија, да поставиме целосна инфраструктура за рефундирање на членовите активни на канал и оние кои работат во фирмите од единицата, успеавме да дигнеме наши Q7 тенкари, да направиме наше производство на железо за сите ТИГРИ кои работат во нашите фирми да добиваат дневен(т.е. неделен) рефунд во тенкови + се прават чести поделби на чат кога Македонија има тешки битки со тоа што сите членови добиваат целосна опрема за пукање. Веќе активно ТИГРИ навлегуваат во водите при водство на нашата сакана еРепублика за што зборува фактот дека во секоја влада се поголем е бројот на ТИГРИ кои сакаат да направат нешто екстра за еМакедонија освен да пукањето на дневните наредби. Тука некаде сакам да му честитам и на KocoskiMKD кој солидно си го истера мандатот како лидер на нашава еРепублика без многу турбуленции, чесно и како што доликува на еден ТИГАР.

о/ Коцо

Кога сме кај еСемејство и еБратство сакам Лично да им се заблагодарам на сите ТИГРИ за подршката која ја добив од нив откако ми беше пробиен акаунтот и ми беа земени сите средства уништени 10 гумари, сите теретани и фабрики. За помалку од еден месец успеав да си ги вратам речиси сите теретани, како и да им се заблагодарам за помошта во храна и тенкови која ја добивам секој ден.

Кога почнав више со честитки и благодарници официјално и во статија да му честитам на нашиот најголем ТИГАР - ТРТЕ Т на подновата во семејството, да сте живи и здрави сите уште 100 години, а за частење да си знаеш дека нема да избегаш 🙂

НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА - ТИГРИ МАРШИРААТ НАПРЕД

Епоха на Тасо Бомбата ( По грешка преименуван во Тасо Легенда )

Дојдоа и моите 5 минути да бидам лидер, глава, бог и батина на што и да е прекрасново друштво, мала група луѓе кои обожаваат и знаат квалитетно како да се зезаат, смеат, плукаат, расправаат меѓусебно. Лидер, глава, главата ми ја растропаа со смени ДО, каде си, те нема, море ајде таму, малечки да не сте, папочната врвца кај мене да не ви е исечена! Шала на страна, чест ми е што Јас сум тој што ги води ТИГРИ овој период, искикав мултињата, неактивните, чекаме уште луѓе да се вратат од МА и започнуваме со регрутација на нови членови (Стариве сите ги знам од глава до пети, не ми се више интересни) за да направиме едно освежување на единицата со нови фаци на кои ќе можеме да им ги кажуваме старите фори, есен ќе дојде уште малце, па ќе се прибереме пак сите во топло на rizon.

....По подолг период....

Више не се сеќавам од последната статија до сега кој се стана командир, заменик командир или капетан ама не е ни толку битно пошто играва ја играме доволно долго заедно, имаме доволно алкохол испиено заедно, доволно салати и скара изедено па дали ке се вклучам јас кај ТРТЕ на акаунт и ќе сменам ДО или тој кај мене и така натаму и не менува многу. Роберт си отиде одамна, мора да го спомнам човекот, кај и да е се надевам дека е жив, здрав и не толку нервозен од тоа што беше, можеби стекнал и некакви дипломатски вештини. Како Роберт и многу други се откажаа, од мора да признаеме ептен досадна игра во која се вклучуваме само за да размениме збор два со пријателите кои сме ги стекнале тука. Пред малце ја чистев единицата од мртви акаунти. 30 и кусур мачиња кои се откажале а којзнае колку други. За да излеземе од сивилото, од досадата на играта, да прошириме познанства, да си ја направиме малце поинтересна играта....

ТИГРИ РАСПИШУВААТ РЕГРУТАЦИЈА НА МЛАДИ МАЧИЊА


Статијава е долга, а ќе биде уште подолга со тек на време... ТИГРИ пишуваат историја.

о/

За бенефициите кои ќе ги имате со тоа што ќе бидете дел од ТИГРИ
1. Сите наведени погоре
2. Поделба на тенкови според направена штета
Д1 + Д2 = 1 Q7 / mil
Д3 + Д4 = 1 Q7 / 10mil
3. Работа во некоја од фирмите во единицата за тенкови