Трето Претседателско обраќање [Гамбле_24][EDIT]

Day 2,819, 13:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добра вечер Македонци !
Краток отчет за неделава:

Прво:
ПРВА, ВТОРА И ТРЕТА ДИВИЗИЈА, ВИЕ СТЕ НАША ГОРДОСТ ! ВИ БЛАГОДАРИМЕ !



Од погоре наведената слика би сакал уште еднаш да им посочам на Д4 доколку сакаат да бидат од корист да помагаат на сојузниците кои што го немаат нашиот проблем со супер силни Д4 еДржави.

Уште еднаш ги одбранивме востанијата, нашето заврши, Бугарското ќе заврши за 2-3 рунди. Гледам дека добиваме рутина на шамарање 😛 Се е полесно кога ги слушате наредбите од МзО тимот, нели?

**Д3 спремете се уште појако, ќе имате конкуренција и отпор

Второ:
Со сила убавина не бидува.

МПП-то со еСрбија нема да го продолжиме. Причината е одбивањето на еСрпската влада да го продолжи истото. Разговаравме и со ЦП-то и со МоФА-та и одлучно ни беше кажано дека не сакаат да бидат вовлечени во нашата војна и дека сакаат да останат неутрални.

Ве замолувам да не тролате, напаѓате, навредувате или подлегнувате на провокации. Месецов нека се смират работите, за натака ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Не за џабе велат дека за некои работи е потребно повеќе време.

[EDIT] Не знам дали погрешив, ама решив да послушам неколку постари играчи чие мислење го ценам.
http://www.erepublik.com/en/main/law/Republic-of-Macedonia-FYROM/163522
http://www.erepublik.com/en/main/law/Serbia/163523

Си го погазив сопствениот збор и верувам дека ова ќе биде единствената отстапка која сум ја направил наспроти моите убедувања.
Од вас барам да не кревате тензија, пукајте кај што треба, утре ќе видиме дали само владата не го сакала тоа МПП или и народот исто размислува.
Чисто да се знае: Се уште мислам дека ова не е вистинскиот начин за да придобиеш некој на твоја страна.


Трето:
Финансии

За последните две востанија (во Егејска) префрлив од НБРМ 360600 денари а потрошив 265000 денари (40 000 беа останати од претходно). Во таа сума е вклучено и дигањето на востание во еАргентина во ноќта среда спрема четврток и рефудирање на Хеавен’с Легион со 1000 тенка и нешто лепче.
Плус Баттле Хироу донираше на Маттрим 150 000 денари за денешното востание за последните 2 битки.



Моментална ситуација:


Четврто:
НАП…
Немам многу што да ви кажам освен: ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ !
На нас е само да ги држиме избришани…. Кога ќе има конкретни резултати ќе ве известам.

Петто:
Дипломатија
Во тек се преговори за МПП со еШпанија и уште една земја.
МПП со Перу воопшто не беше договарано, Хитман го пушти сам на своја воља без никакви консултации или претходен контакт.

Шесто и последно сега за сега:
Организациите
Ме интересира како ви оди работата со орговите?

Имаше предлог од играчи да тргнам на страна 400 000 денари доколку некогаш се реши дека пак ќе ни треба диктаторство. Секако, сега немаме потреба за таков луксуз. Исто така ќе пробам да ги рефундирам Д3 секогаш кога ќе има важна битка.



МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Гамбле_24