Сеќавање за загинатите битолчани во 2001

Day 2,388, 15:06 Published in North Macedonia Chile by MeCheemkd

Господи Господи !!!

Чувај ме од зло Чувај ме од зло !!!

И дај ми сила И дај ми сила !!!

Да ги одбранам Да ги одбранам !!!

Мојот бог Мојот бог !!!

Мојот народ Мојот народ !!!

Мојата МАКЕДОНИЈА Мојата МАКЕДОНИЈА !!!

Амин Амин !!!




Со едноминутно молчење и со полагање цвеќе на споменикот „Ангел" пред саат кулата во Битола започна одбележувањето на 13 годишнината од загинувањето на тројцата припадници на резервниот состав на АРМ, Влатко Миленковски, Благојче Силјанов и Пеце Матичевски. Најблиските се потсетија на тие кобни денови за Битола во 2001 година, кога тројцата битолчани загинаа кај селото Гајре.







„ И по 13 години болката постои и неможе да престане. Тројцата битолчани загинаа за Битола, загинаа за Македонија", изјави Анабела Силјановска, сопруга на загинатиот бранител Благојче Силјанов

Цвеќе положи делегациите на општините Битола,Новаци и Могила, припадници на полицијата и АРМ, синдикатот на РЕК "Битола", претставници на политички партии како и членови на семејствата на загинатите бранители.




„Да се потсетиме и да не ја заборавиме 2001 година, деновите на смртта на повеќе наши бранители, да не ги заборавиме нивните колеги сите учесници во конфликтот 2001, кој што се одзваа на повикот на државата бранеќи ја државата, својот народ, својата земја, својот дом", изјави Благица Гилева-Достоинство





Не ја давам татковината за ништо СЕ КОЛНАМ ЈАС ПРЕД БОГА , СВЕТИОТ НОЖ И ПИШТОЛ !


Слава за хероите

о/