Претседателско Обраќање 2 [ AВРАМОВСКИ ]

Day 1,493, 13:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Здраво Македонијо!


Денеска имавме доста напорен ден!

Тема на денот- вракањето региони на државите кои ги имавме окупирано само за да можат да одржат конгресменски избори во истите.

Откако шемата уште вчера доцна после полноќ со членовите од тимот беше разрешена денеска дојде време да се спроведе, но, што се случи?

Се она за што зборев, денеска како да исчезна и пропадна во земја.

Нема слога и народот прави што сака, преговара сам, одговара сам, реагира сам!
Зашто ова зашто вака не онака, кој ве врти Вас што сакаме ке праиме, кој сте Вие да кажувате и што ти не!

Само да Ве потсетам, ако некој нешто не му е јасно, нека ми пише порака ќе му вратам секому, денеска имаше доста такви!
Сепак и на нив премногу треба да им се објаснува некако неможат да го сварат тоа, затоа јас предлагам нареден месец да се кандидирате за претседател, да видите како е да се спие по 5-6 саати на ден па дојдете и кажете ми дека ова што го правиме не не води никаде.

Но нашиот менталитет е таков, како проколнат на самоуништување! Отсекогаш македонците се уништувале меѓусебно! Така е од времето на Александар и по неговата смрт. До ден денес ние не знаеме да го цениме своето, да ги почитуваме оние кои тоа го заслужуваат(не алаудирам на никого едноставно таква почит не постои) Сите мудруваат! Пред само 4 години Македонија требаше да загуби некого за да народот свати колку тој беше голем! Тоа е трагедија!

Неможете Вие на своја рака да правите што ке посакате! За сите превземени чекори јас не одлучувам сам, со мене имам тим кој ВИЕ го избравте! Покрај него има АКАДЕМИЈА од најикусните 30 играчи и највлијателни воедно кои советуваат во која насока да се движиме! Ако мислите дека претседателите имаат слобода сами да одлучуваат се лажете! Можеби е така, но јас ја го немам тоа право да одлучувам сам! За се има позадина зашто е тоа така!

Денеска настана хаос за регионот Синај!

Многумина од Вас денеска одеа контра на наредбите!
Сите знаеме дека казните влијаат негативно, но дајте ми совет, како да реагирам на ова? Како да Ви се удоволи Вас?


Зарем немате 8 од 10 ресурси повеќе од 2 недели? Зарем не држиме под окупација 26 региони?
Ќе имавме и повеќе, доколку Турција не ни го свртеше грбот! За тоа ние не сме криви, криви се Турција, Турција и само Турција!

Околу Турција!

Ако направив нешто погрешно, бранејќи ги интересите на мојата Земја, кажете слободно што е тоа! Дали требаше да им клекнеме и да им ги бакнуваме нозете?

И повторно да се случува истото, нема нималку поинаку да изреагирам! И стојам зад моите зборови! Вчера турскиот претседател беше тој кој избега, не јас! Турскиот претседател беше тој кој замина без зборови! Денеска истото се случи со нивниот МОФА пред сите присутни на нашиот канал! Нажалост немав прилика да се изјаснам, откако пробував да бидам фер и да му дозволам да збори прв, кажа што имаше да каже и се изгаси!

За што сме ние, јас и мојот тим криви?

Јас ке ја водам Македонија до 5ти Јануари и никој и ништо нема да го промени тој факт! Се нафатив и не се откажувам од моите намери и од моето ветување!

Кога сме кај планот за Исток, Индија - Кина.

Тој сега засега е мртов, но се потрудив да им стане ЈАСНО на Турците дека Македонија нема да се помрдне ни 1 сантим, ниту да даде регион во Африка и Азија без борба! Кој сака нека нападне ние ќе го браниме до последна минута!

Што понатака?

План Б има и секогаш имало, но, јас не се откажувам од мојата намера во ниту еден случај! Ќе почекаме ден два да видиме каква ке биде ситуацијата и дали имаме можност да тргнеме на исток, повторно, откако неколку подалечни источни држави координирано ќе ја нападнат Кина. За тоа во деновите кои следуваат.

Додека тоа не успее ќе следува Планот Б и спојување до нашите оригинални региони, па и Албанија ако е можно!

Тоа е се што можам да Ви соопштам!

Ова беше долг и напорен ден, страшно напорен ден со многу тензии! Се надевам дека утре ке биде подобро и ЗАЕДНО ќе можеме да се радуваме на нови победи! Затоа што ако не сме заедно, џабе ни се победи и ресурси и чукање во гради, ако не знаете да застанете во одбрана на вашиот другар македонец пред непријателот!

Ваш и искрен,
Душко Аврамовски