АКЦИЈА за формирање Д2 тим + ТУТОРИЈАЛ СО СОВЕТИ

Day 2,829, 13:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Поздрав до сите,

Како што може сте запознаени или можеби не, минатиот месец започнавме голема акција за зајакнување на Д3 дивизијата во еМакедонија преку опремување со пакети на појаките и многу битно активни Д3 профили. Како резултат на оваа акција Д3 се издигна како најјака дивизија во еМакедонија и една од клучните која ги решава битките против Грците.

Бидејќи експериментот со Д3 беше успешен решивме на ниво на еМакедонија да ја прошириме акцијата и на Д2 и Д1 играчите.

Јас се нафатив да го организирам и водам Д2 тимот па за таа цел пред две недели отворив анкета на која се пријавуваа Д2 активни играчи со сила над 40к, па од сите пријавени се оформи тим од 30 Д2 јаки профили со кои ќе треба да се работи во иднина да бидат ударен Д2 тим кој ќе пука за Македонија и сојузниците.

Д2 тимот во моментов го сочинуваат: Dadidk, eDnopmk, Nalutenata, Anthraxter, B.r.u.t.a.L, Petrika Janeku, investdm1990, Chovekoooot, MKDSwiss, DigitalChaos, Dado.BT, makedon d, PuflaBT, Elektro.N, svegan87, MuhsinReis, BETEPAHOT, NENODS, dado.MKD, Aragorn MKD, AntiGanci, Jaqen Haghar, najgur bricovski, pop trajan, Lockerzi, Alex ROKA, boshe123, djambaz1, MACEDONP4, k.VAR и Taso Vojvoda.

Во меѓувреме наидовме на разбирање и од Претседателот и од другите постари играчи кои се понудија да помогнат во оваа акција па се отвори и донаторска акција (клик на линкот) во која до овој момент се собраа околу 250.000 мкд а кои се доволни за опрема на само еден Д2 и еден Д1 играч со пакети за пукање.
Оваа акција е сеуште во тек па кој има можност нека донира кај претседателот за да опфатиме што е можно повеќе јаки Д2 и Д1 профили во акцијава. Затоа Ве молам кој колку може нека донира! ЛИНК ЗА ДОНИРАЊЕ

Бидејќи имаме само уште една недела време да се оранизираме решив во оваа статија да вметнам еден мал туроријал со корисни совети за сите Д1, Д2 и Д3 играчи кои се сеуште активни на играва:

најпрво појаснување околу тоа што преставува јак Д1, Д2 или Д3 профил:
За јак профил се рачуна оној профил што има надпросечна сила и ранк за дивизијата во која припаѓа односно јак профил се рачуна оној играч кој со еден удар прави повеќе штета од останатите негови “колеги“ во соодветната дивизија. Тоа значи дека јак профил само со храна (фф) ќе направи повеќе штета во битките отколку другите од неговата дивизија со уклучени бустери или искористени чоколади. повеќе штета = добиена битка = повеќе БХ медали!
Пример за надпросечни профили по дивизии (според мене):
-Д1 сите што се со сила над 30.000
-Д2 сите што се со сила над 40.000
-Д3 сите што се со сила над 60.000

Сите што имате јаки профили според погоре наведеново размислувајте за опремување со пакети пред да пукате а за сите останати што немаат јак профил им останува или да размислуваат за замена со некој друг појак профил од сега запуштените, мртви профили или да продолжат да си го играат сопствениот профил меѓутоа САМО ДА ГО ТРЕНИРААТ СЕКОЈ ДЕН И ДА БИЛДААТ СИЛА СО СИТЕ ТЕРЕТАНИ и најбитно да избегнуваат да качуваат искуство непотребно! (подоле ќе наведем совети што да избегавате да правите!)

сега околу пакетите:

Infantry kit


Чини 15 евра или од 70.000 мкд па нагоре ако најдете некој друг да ви го купи во замена за виртуелни пари.
Овој пакет е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН И НАЈБИТЕН за сите помали дивизии Д1, Д2 или Д3. За Д4 нема позначајна корист. Најголема придобивка од него е што кога го имате за времетраење од 30 дена можете слободно да пукате колку сакате меѓутоа само со оружје (Q1 до Q7 или базука) и притоа ДА НЕ КАЧУВАТЕ ВООПШТО ИСКУСТВО!
ова е многу значајно бидејќи искуството (Experience points) се најголемот непријател на сите Д1, Д2 и Д3 играчи! Доколку секојдневно го зголемувате искуството со работа, тренинг и пукање побрзо ќе качувате левели а со тоа и побрзо ќе стасате во повисока дивизија што за оние со слаба сила ќе значи и крај на играва - GAME OVER бидејќи нивната штета ќе биде безначајна во битките и речиси воопшто ќе немате можност да фатите ниту БХ ниту ЦХ медал во иднина.
Значи сите Д1, Д2 и Д3 играчи кои имаат јак профил (над просечен од погоре наведениот пример) ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да го имаат овој пакет за да можат да пукаат активно во битките!

Power pack


Чини 10 евра или од 35.000 мкд па нагоре ако најдете некој друг да ви го купи во замена за виртуелни пари.
Овој пакет за Д1, Д2 и Д3 играчите е одлично да го имате заедно во комбинација со Infantry kit но НИКАКО само него бидејќи ќе ви биде контрапродуктивен! Д4 играчите може да го имаат само него активен и за нив е доволен без друг дополнителен пакет.Најголема придобивка од него е што кога го имате за времетраење од 30 дена ќе имате + 20 енергија полнење на секои 6 минути (+20 регенерација). Ова значи дека побрзо ќе полните енергија и побрзо и повеќе ќе можете да пукате во денот само со ФФ без да трошите чоколади, со тоа ќе собирате и повеќе Престиж поени во неделата!

Постојат и други пакети НО ова се двата пакети кои се основни и најнеопходни за сите јаки Д1, Д2 и Д3 играчи за да можат да тенкаат во текот на месецот и да го извлечат максимумот од своите профили без притоа да ги набилдаат со искуство и да отидат во погорна дивизија со малце сила!

ЌЕ повторам уште еднаш, кој може да си дозволи а има јак Д1, Д2 или Д3 профил нека го купи Infantry kit и доволно е само тој да го има НО уште поидеално би било да го има заедно во комбинација со Power pack .
Само Power pack без Infantry kit НИКАКО! Џабе фрлени пари ќе ви бидат!

Неколку практични совети за Д1, Д2 и Д3 играчите како да избегнуваат максимално стекнување искуствени поени:

1.не работете во своите фирми!
со работа во ваша или туѓа фирма за плата со 10 здравје потрошено качувате по 2 искуство! така на пример со работа во само 1 ваша фирма качувате 2 искуство! со работа во 10 фирми - 20 искуство секој ден!
Со оглед на тоа дека економијата на играва е тиња, мој совет е воопшто да не работите во свои фирми! Доколку имате јак профил за својата дивизија и време да бидете активни секој ден за да бркате БХ медали слободно размислте и да ги продадете / стопите фирмтие и со тие пари да купите Infantry kit и евентуално Power pack. Така со сигурност ќе ги вратите исттие пари на крај на месецот и ќе можете пак да купите пакети и плус ќе ви биде интересен месецот и играва наместо да дремете без да пукате 🙂
Би ве советувал да не работите ни за плата и да не ги собирате дневните задачи (Daily tasks) затоа што само непотребно ви качуваат искуство - 3 искуство за еден поен сила = тотално неисплатливо. Доволно е само да тренирате со сите четири теретани надградени до максимум и купен договор за 90% попуст при тренинг секој ден и толку! Акос е придржувате до овој совет се што ќе ви треба е леб а него слободно можете да го побарате од нас Д4 играчите кои работиме фирми без страв од искутвени поени! Ќе ви помогнеме, ќе ви динираме вие само тренирајте и билдајте!

2.никако не гласајте на избори!
со гласање на избори - претседателски, конгресменски, во партија... качувате по 5 искуство со секој глас!

3.не менувајте воени единици!
со секое влагање во друга единица и со секои 10 убиства кои мора да ги направите за од регрут да станете полноправен член качувате по 5 искуствени поени!

4.не пукајте ниту за ДО!
доколку немате Infantry kit и доколку не е ептен зорт за Македонија не пукајте воопшто, ниту за ДО!

Ќе следува уште некоја статија на оваа тема поврзана со акцијата која е во тек.

За повеќе соети, информации и помош слободно побарајте ме мене, gospodinotbitola, NENODS или некој друг од активните и јаки Д4 тенкови од еМакедонија

а сега дајте се на билдање профили! 🙂