[МНР]Обраќање бр.2, инфо за новостите

Day 2,216, 02:41 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав народе.

Помина една недела од кога стапивме на власт.

Гледајќи ја веќе настанатата ситуација од поодамна се наоѓаме во една тешка ситуација за која ке ни требаат месеци за да се реши а не само еден месец. Јас не очекувам да направаам некое чудо затоа и вие не треба да очекувате, но ке се обидам да средам барем поголемиот дел од работите кои се во план.



Нашата главна цел овој месец е да се остане во добри односи со ех-КОТ земјите што сега засега ни оди добро. Контактирани се поранешните наши сојузници, се одржуваат блиски односи.

Лека полека се остварува главната наша цел а тоа е да се обновуваат МПП-ата кои ги изгубивме претходно со нашите пријатели.

Во текот на изминатите денови се обновија МПП-ата со: Германија, Парагвај, Мексико, Франција, Индонезија, УСА и се очекува да биде обновено и со Финска од кого се чека одговор и се надевам на позитивен резултат. Во тек исто така се преговори со Шведска за продолжување на соработката.



На почетокот на мандатот беа остварени контакти со Бугарија каде на состанокот јасно ни беа прикажани целите на нашите најголеми сојузници а тоа е дека планираат да одржуваат блиску односи со Споланд. (се очекува TWO да се распадне на два дела како што веќе беше наведено во претходната статија, едниот дел е Споланд)

Тие веќе почнаа да си ја бркаат својата работа и да остваруваат блиски односи пред се со Шпанија.

Исто и ние се обидовме да ја провериме ситуацијата со Шпанија на што наидовме на неочекувана омраза и очигледно пред средбата Полска им има наредено што да зборуваат зошто го користеа нивниот добро познат речник кога се работи за нашата држава. Битно пробавме и книгата со Шпанија е затворена за жал.

Понатака беа контактирани Чиле и Русија од кои имаме поддршка и нашите односи остануваат позитивни како што и веќе беа.



Доаѓаме до темата која сигурно сите вас ве интересира а тоа е односите помеѓу Македонија и Индонезија.

Како што ме извести нивниот МОФА, Индонезијците не биле контактирани 3 недели од наша страна биле оставени сами и како капак на се било потпишано МПП со Малезија за што не добиле објаснување од тогашната наша влада на што нормално е дека ке има реакција од нивна страна и односите ке се заладат.

Контактирани беа од моја страна седнавме на состанок и ги средивме недоразбирањата и за наша среќа се спаси братството со Индонезија кое висеше на конец. (барем тие така тврдеа)

Тие веќе почнале да си одат по свој пат. Најверојатно нивната цел е да се одберете втората страна од евентуалниот распад на TWO а тоа е Србија.

Интересно е што и Бугарите и Индонезијците се сигурни дека Грција ке оди во спротивниот табор од оној на кој тие се стремат. Нема потреба да се објаснува дека не е можно Македонија и Грција да бидат во ист сојуз.



Како и да се свртиме најверојатно е дека ке мора од еден сојузник да се одделиме поради конфликтите кои ги имаме со двата дела на кој би се распаднал TWO но сеуште е рано за тоа да се зборува остануваме да видиме како ке се одвиваат работите.

Сега засега TWO сеуште стои на нозе но не се очекува тоа да трае долго. Можеме да очекуваме нови сојузи за неколку месеци но ништо не е сигурно.

Наша работа ке биде будно да се следат сите случувања, преговори, договори и да се реагира според нашите интереси, секако при тоа да не се загрозат или расипат нашите пријателства пред се со Бугарија, Чиле, Русија, Индонезија и со останатите членки на ех-КОТ.

Доколку имате некои замерки или предлози слободно оставете коментар кој ке биде разгледан.

Министер за надворешни работи

akconel