[МНР]Измени на ден 1949 и реперкусии од истите [размислување]

Day 1,949, 07:48 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани граѓани на еМакедонија,

како што повеќето заприметија, плато денеска излезе со новини во играта кои според нас би имале огромни реперкусии во еМакедонија, како и во еСветот.

Бидејќи ме убедија дека имаме луѓе кои Англискиот не им е посилна страна, најпрво ќе ги преведам измените на Плато, а потоа дури ќе ги сублимирам размислувањата за што се може да очекуваме во наредниот период.



Плато ни претстави денеска рудници со злато.

Што се рудници со злато?

Рудниците со злато содржат наслаги во вредност од 100.000 злато. Ако земјата чие што државјанство го поседувате, Вие ќе можете да го истражувате секојдневно и да најдете различен износ на злато (маx 40 злато), се до оној момент додека наслагите не се потрошат.

Како може мојата држава да го добие?

Само пет земји ќе добијат рудник со злато во зависност од исходот на натпреварот кој ќе се одржи од Ден 1952 до ден 1958. Во овој период, кога ќе се борите во било која битка, вашиот инфлуенс ќе биде додаден на рангот на вашата држава.

Во ова рангирање, светот е поделен на 5 главни делови. Земјата со најголем инфлуенс во секој дел, ќе добие рудник за злато. Главните делови се: Европа, Азија, Америка, Океанија и Африка. Имајте во предвид дека ранкот се ажурира секој час.

Рудникот ќе биде доделен 24 часа по завршувањето на на натпреварот во главниот град на земјата победник, во реалниот живот (за илустрација еМакедонија би го добила во Повардарие). Ако главниот град е под окупација, окупаторот ќе профитира од рудникот за злато.



Според сето ова веќе пишаното и според распоредот на силите на континентите, Плато ефективно успеа да зафркне се што алијансите претставуваа на играта, а и лојалностна кон сопствената татковина (за профит).

Во наредно време очекуваме:

1. Земјите без рудници да ја изгубат својата стратешка важност (доколку се далеку од рудникот) или да добијат значителна улога (ако се блиску).

2. Очекуваме распад на сојузи, напуштање на некои членки на истите, караници интерно и екстерно, доближување на непријатели, разудување на пријатели.

3. И најважно од се, очекуваме трендот на иселеници да се зголеми, со што силата на многу зејми ќе се намали во догледна иднина, за сметка на тие со рудници.

Македонија Вечна.

Министер за надворешни работи,
CaB