Ситуација во еСветот на ден 1711

Day 1,712, 03:17 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани граѓани на еМакедонија,

во периодов што измина се случија многу работи, меѓутоа сликата не беше јасна и се менуваше секојдневно за денеска да се случи нешто што се очекуваше некое време и поради тоа решивме на нашите граѓани реално да им ја доловиме целосната ситуација.

Пред некој месец Полска, Шпанија, Бразил и Америка, почнале разговори за формирање на нов сојуз (наречен CTRL). Како што повеќето од вас веќе знаат тој план се состоеше од напуштањето на овие земји на нивните сојузи и формирање на овој нов сојуз каде сите членки ќе имаат 10/10. Самиот сојуз е планиран да има почетно 5 земји со 10/10.

Планот го убрза Канада со издавање на статија за плановите на овие земји, со што ги натера овие 4 земји да ги убрзаат своите постапки.

Најпрво Америка го напушти својот сојуз. Шпанија, иако имаше секаква можност за останување во ОНЕ, реши истиот да го напушти. Следеше МПП со Бразил, како и војна помеѓу Канада и Америка со цел Америка да ги земе ресурсите кои ги држеше во Шпанија, кои нормално ќе ги врати после осигурувањето на истите во Канада. Додека Шпанија освен овие ресурси, ќе заземе ресурси од Венецуела (нешто што веќе може да се види на мапата).

Денеска после долго кокетирање со ОНЕ, полскиот претседател го покажа своето право лице и пушти референдум за излез од ОНЕ.

Македонската влада очекува дека веќе доволен број на Полјаци се убедени од нивната држава да гласаат ЗА и со тоа Полска да излезе од ОНЕ.

Нормално, се очекува да има уште промени во сите сојузи како реакција на настанатата ситуација на еРепублик.

Како влада можеме да ги увериме сите граѓани на еМакедонија, дека будно ја следиме ситуацијата, сите промени кои се случуваат и ќе направиме се што е во наша моќ, нашата држава да го направи правиот чекор за да ја осигура својата иднина.


Со почит,
Crash and Burn,
Министер за НАдворешни Работи