Новинарство - Проект дискусија [МнМ]

Day 3,748, 13:38 Published in North Macedonia Greece by ivica08

Моментално новинарството во државава ни е речиси мртво, поточно се наоѓа во кома. Ретко кога се гледа некоја статија. Тоа е дел, поле од играва која треба да биде активно за да биде интересно и итно треба да бидат превземени мерки.

МнМ како политича партија по консултација со раководството одлучи да формира организација, поточно да реализира еден проект со кој ќе се обиде да го оживее новинарството. Начинот на кој ќе се буди интересот за пишување на статии ќе биде по пат на субвенционирање.

МнМ ќе ги субвенционира новинарите кои ќе напишат статија. Моментално сумата која ќе се дава на новинарот кој ќе напише статија е неопредела (непозната -😵. Сумата ќе ја определиме преку јавна дебата на сите граѓани на еМакедонија тука во коментар.

Услови кои треба да ги исполните за да добиете субвенции:
1. Статијата да е објавена во Р.Македонија
2. Статијата да е на македонски јазик
3. Статијата да не е бесмислена, беспотребна и кратка од типот: коментирајте за мисија, суб за суб итн...
4. Статијата да не е поврзана за тема со некоја мисија од играва, упдејт или да не е упатена до администрација на играва
5. Статијата може да е поврзана со реалноста (РЛ надвор од играта) под услов да не е политички случувања во реалниот живот, друго се е оправдано.
6. Да ја испратите статијата (линк) до мојот ацц (или ако ни биде дадено акаунт од владина организација) ќе бидете информирани.
Сумата за субвенционирање е X, ќе се определи по пат на јавна дебата во коментар. Условиве се првични може да предложите за додавање на нов или за измена на некој од овие услови.

Начин на собирање на субвенциите?
*Субвенциите кои ќе се доделуваат првично ќе бидат собрани по пат на донација од страна на МнМ.
*Доколку владата е заинтересирана може да се приклучи и да го подржи проектот со одвојување на дел од бучетот (парично) или пак со доделување на организација.
*Граѓаните исто така може да го подржат проектот по пат на донација на пари.

Неделен извештај.
Секоја недела ќе биде објавен извештај за тоа колку пари и на кого се исплатени, од кого се добиени парите (кои се донаторите).