Помалку познати работи за познатите ДИКТАТОРИ

Day 3,652, 02:52 Published in North Macedonia Greece by ivica08

Деновиве актуелна е темата окулу диктатурата е во еМакедонија, па да се навратиме малце низ историјата на светот и накратко да се кажат неколку интересни збора за диктатурата.

Диктатурата, во современ контекст, се однесува на апсолутно владеење, најчесто од страна на диктатор, владеење коешто не е ограничено од законите, уставот или некои други социјални и политички фактори.
Диктатурите грубо може да се поделат на два вида: диктатури којшто имаат тоталитарна идеологија и диктатури којшто и немаат некој идеолошки мотив, иако постојат случаи кога диктатурата преставува мешавина на овие два вида. Режимите во развиените земји најчесто се базирани на некоја идеологија, вакви биле режимите во нацистичка Германија (еднопартиски систем, масовна мобилизираност на полициската и воената сила) и Советскиот Сојуз.

Помалку познати работи за познатите и големи ДИКТАТОРИ.

Адолф Хитлер
Меѓу фотографиите на Хитлер може да најдете фотографии кои опфаќаат средби со деца. Имал една голема љубов - неговата сопруга Ева кон која се однесувал дури и премногу емотивно.
Хитлер прво сакал да биде уметник и бил прилично добар сликар. Да продолжел во таа насока, светот ќе се спасеше од едно од најужасните злосторства што му се случиле - холокаустот.
„Ако некогаш кажеш доволно голема лага, а потоа ја повторуваш доволно често, верувајте дека луѓето ќе почнат да веруваат во неа.“
„Jас не гледам доволна причина зошто луѓето да не бидат толку груби колку што е самата природа.“

Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин
Во периодот додека беше на чело на Советскиот Сојуз, Сталин е заслужен за елиминацијата на неколку милиони луѓе. Го споредуваат со Хитлер, иако може слободно да се рече дека Хитлер бил и уште е многу поомразен од него. Приватно Сталин обожавал поезија, а во своите помлади години, дури и пишувал. Кога дознал дека Германија ја нападнала СССР, а тој не поверувал на агентот кој пред тоа го известил за намерата, побарал да биде убиен за злото и штетата што ја нанесол на својата татковина.

Муамер Гадафи
Гадафи беше самопрогласен водач на Либија кој стоеше на чело на земјата до својата смрт во 2011-та година. Го нарекуваа тиранин заради својот брутален начин на владеење и токму заради својата немилосрдност имаше многу малку блиски приврзаници. Кон својата сопруга бил верен, со која имал 10 деца од кои 2 биле посвоени.

Генерал Франко
Франко важи за еден од најголемите диктатори, кој стоеше на чело на Шпанија од 1936 година, па до својата смрт во 1975 година. Познат е по масовните убиства на своите непријатели кои биле извршувани јавно. Исто така прочуени биле неговите брутални методи на мачење, а грубата математика вели дека е заслужен за погубувањето на стотини илјади луѓе. Неговите блиски по неговата смрт изјавиле дека тој го користел сликањето за да се ослободи од стресот.

По што ќе биде позната диктаторката, Furious Lady во нашата еМакедонија?


Ако има интерес за вакви информативни, друштвени статии како овој тип и од типот топ пет/топ десет, или интересни факти за нешто и слично, оставете воте,суб,ком,цц, за да видам заинтересираноста.