Индиски Востанија

Day 3,341, 00:31 Published in North Macedonia Romania by poletarec
Работата на еден новинар е да следи,прибира,анализира и на крајот да пласира во јавноста информации кои самиот тој смета дека се веродостојни. Врз основ на тие информации читателот треба самиот да одлучи дали се лажни или исправни.

Па еве драги мои читатели краток бриф во врска со Индиските Востанија кои се малку фрустрирачка тема за оние кои се занимаваат со нив, а и за останатите да можат малку да се позабават со оваа тематика.

Имено Македонија и Бугарија држат региони во Индија.Тие региони НЕ ни се од некое бог-знае колку економско/стратешко значење затоа што познато е дека повеќето холдинзи на МК играчите се стационирани во Странски земји кои имаа фулл бонуси на прозиводство за индустриите со кои се занимаваат нашите производители. Индија му доаѓа нешто како земја за егзил повеќе, пр. Хрватска избришана на долг рок,па нема каде и ајт во Индија да фармаат крави.

Е сега што ни претставува Индија на нас обичните МК играчи?

Тоа ни е пријателска земја со која имаме тренинг војна. А тоа е окупирање нивни региони преку напад и ослободување на истите преку востанија. Во директните напади пукаме и лапаме ТП медали, а во востанијата зимаме ФФ и РХ медали.Па кој боде нек убоде.Просто ко грав!
За тоа дека е многу просто да се организира ТВ не мора да ви покажувам примери од други земји како Бугарија,Србија и сл. кои имаат некаков договор за тренинг војна, каде нивните челници ЈАВНО објавуваат кој регион нареден да се пушти...Не, не мора нив да ги наведувам. Ќе го спомнам само нашиот бивш претседател Бобан Митровски, кој имаше МНОГУ УСПЕШЕН МАНДАТ на секое поле. СИТЕ востанија што требаше да се поддржат јавно ги објавуваа со неговиот тим,дали преку МоД весникот или преку извик на постови.Меѓутоа НИТУ ЕНДАШ НЕМАШЕ ПРОПАДНАТО ВОСТАНИЕ.

Проблемите кои беа горлива тема и од претходниците на Бобан продолжија и по неговото заминување. Веќе првиот ден одкако дојде на функција,секира трети део нареди да се брани востанието во Раџастан.Чисто од каприц.Не го подржала неговата екипа а ниту он самиот и ајде друг да нема бенефит. Арно ама се најдоа мажи да му застанат на врат,па со по некоја мелеарда чисто од кеиф, го направија востанието успешно.

Вчера и завчера МоД весникот вади две статии во која акцент не се става на тешките борби на сојузниците туку со големи букви се потенцира да не се поддржуваат востанија во Индија,оти истите тие ќе биле задушени ако ги подржувате на своја рака. Треба секира фемили и наговите лижачи да поддржат како и до сега, па да пројде.Треба они да си лапнат РХ и 5 голд а притоа и да си пуцкаат на МК страна за ТП,а ние останатите да фрламе штета на индиска страна.Е НЕЌЕ МОЌИ ОВЕ НОЌИ !

Или востанијата ќе бидат еднаква шанса за сите играчи да можат да добиваат медали,или нема да добива никој.

Јас лично кога се во прашање индиските востанија во време на овој мандат, ќе пукам исклучиво контра-наредбите на таканаречениот МоД, односно само на МК страна.Чисто да им се даде до знаење на децава дека не ја играат само они играва, и дека ние останатите не ја играме играта за нив.


Порака до таканаречената влада:

Опрајте се малку, не тонете во вашата лакомост за некое пикселче плус.Ако самите не знаете како треба, угледајте се на мандатот на Бобан, и нека барем неговиот минимум за вас биде максимум.

Поздрав до следно читање!