Последно Претседателско Обраќање [Северус]
Narodna Banka na Makedonija
Добра ви вечер еМакедонци,
Прво, сакам уште еднаш да се заблагодарам на вас, за вашата доверба што ми ја доделивте по втор пат да ја водам нашата е-земја. Инаку, статијава излезе малку подолга од што планирав, така да, за подобра прегледност ќе ја поделиме на неколку делови:
1. Воено поле
2. Пушбулет
3. Помош на единиците
4. Состојба на Банката
5. Завршно
1. Воено поле
При крајот на претходниот мандат предводен од хурото бевме во тешка и интересна војна со еСАД, заедно со еБугарија и еЧиле, за ослободување на нашите браќа од еИндонезија. Крајниот резултат сам по себе беше успешен, затоа што Американците потрошија огромни суми на пари, па некое време имаа и највисок можен данок на играва од 25%, што досега не е виден во било која држава која нормално функционира со бонуси и слично, а еИндонезија си го доби НАПот. Тоа кажува доволно мислам.
Е сега, јас кога ја пишував кандидатурата се надевав таа војна ќе продолжи, и уште тогаш имаше план за да се иде повторно со Воздушен Напад доколку еБугарија остане во борба. еМакедон се понуди да го наполни авионот, а поддршка во акцијата имаше и од еХрватска. За жал, додека дојдам јас официјално на позицијата Претседател, работите се сменија начисто.. Војната се прекина, и немаше желба и атмосфера за нов поход.
Месецов беше мирно, и се одлучивме за фармање и Тренинг Војна од проста причина што кога разговарав со Бугарите за заедничка акција некаде, добив негативен одговор со образложение дека сакаат да ги надокнадат ресурсите и баровите потрошени од претходниот мандат. Сличен ваков апел добив и од војниците на помалите дивизии, кои исто така многу се потрошија. Воочувајки го тоа, друг избор немаше.. Со неспремна војска, не се оди во војна. Без разлика што јас многу, многу ја посакував.
Така да, се надевам нафармавте доволно месецов, затоа што уште сега добивам информации за некои интересни планови кои би не засегале и нас. За жал не можам да се кандидирам повторно, и да ја имам конечно таа војна.. Задоволството го препуштам на следниот Претседател
😛
Нема да должам многу, повеќето работи се изнесени во статијата на Министерот за Информирање која можете да ја видите овде.
Завршен крик [МЗИ]
http://tinyurl.com/hwa3h6o
2. Пушбулет
Сега, да кажам за акцијата со Пушбулет и организацијата на Д4. Во мојата кандидатура најавив неделни удари и мобилизирање на Д4, а Столе Лазаров предложи за тоа да се користи апликацијата Пушбулет. Јас ова го прифатив како алтернатива за Вибер, и едвај чекав да почнеме и да видиме како ќе функционира. Првите 2 седмици го чекав Столе Лазаров да напише туторијал, а воедно и на мене да ми објасни што како за организацијата, ама очигледно поради РЛ причини, не беше во можност да го направи тоа... ама нели, надежта последна умира..
На 25-ти Февруари решив сам да пробам да направам нешто, успеав да направам канал на кој би можеле да се претплатите (каналот може да го видите овде: https://www.pushbullet.com/channel?tag=d4naredbi )
но обидот ми беше неуспешен, затоа што кога се пишуваше од тој канал, известувањата што требаше да излегуват како пуш-нотификации не се појавуваа, не знам зошто. Така за жал пропадна таа идеја, ама јас се надевам ќе биде една добра основа за следниот Претседател да може да ја реализира.
Сакам да се извинам, и воедно да се заблагодарам на оние што ја инсталираа апликацијата (морам да кажам дека воочив дека има мал интерес за тоа патем, малку луѓе се пријавија). Апликацијата е доста корисна и за други работи, така да може да ја задржите, можеби следниот месец ќе се реализира оваа идеја..
3. Помош на единиците
Како што кажав во мојата кандидатура, така и направив. Месецов покрај општонародната поделба што ја имавме на заедничкиот удар на Армискиот канал за сите е-граѓани на еМакедонија, четирите најјаки единици во еМакедонија добија помош во тенкови. Тенковите беа пратени на соодветните Командири, кои понатаму ги поделија на членовите.
*Кликнете на имињата на Воените Единици, таму е прикачен линк до сликата-доказ дека оружјата се примени од страна на Командирите.
Д4 – ПРЦ и МТО добија по 1.000 тенкови
Д3 - Хеавен’с Легион затоа што веќе неколку месеци бараат помош за ова, а и сакаме да им се врати сјајот и славата, добија 2.000 тенкови.
Д2 – Ред Фјури добија 1.000 тенкови
Д1 – играчите од оваа дивизија не добија тенкови (освен секако оние од општата поделба на канал), од причина што моментално се работи на создавање специјална единица за сите еМакедонци од Дивизија 1, на чело со Корун.
Тенковите дотогаш ќе бидат кај мене, и на создавањето на таа единица, симболично ќе бидат донирани на Командирот, па да ги подели на членовите.
Тенковите беа купувани од Македонски играчи, по најповолни цени во дадениот момент.
Купени беа 5.000 оружја по цена од 18.7 денари, и околу 2.000 оружја, кои повеќето беа од мои лични средства, и беа искористени за општата поделба на Армискиот канал. Повеќе информации за ова може да погледнете во следната точка.
4. Состојба на Банката
Банката ја превземав со 387,325.36 денари на сметката, а ја оставам со 375,050.36 денари. Во месецот имаше само една донација до Банката во вредност од 300.000 денари, и тоа најмногу поради можната дојава за војна.
Подолу ќе оставам линк од деталниот увид во потрошувачката, а тука накратко ќе кажам за што беа искористени парите:
- Околу 40 илјади денари се потрошени за дигање на востанија, пред да започне тренинг војната со еИндија
- На 16-ти Февруари е платена рента на еИндија според нашиот договор, во вредност од 40.000 денари.
- Околу 115.000 денари за тенковите
- 60.000 денари за акцијата „Пакети за децата 3“
- Околу 57.000 денари искористени за Комбат Ордерс во нашите востанија.
На оваа точка сакам да наведам само дека иако на моменти востанијата одеа во добар правец, во главно сум разочаран од дисциплината на нашата војска и неслушањето наредби, што доведе до тој степен да се користи дури и Комбат Ордерс за контролирање на истите. Се шаутираше по цели денови, и наредби имаше, ама ТП си е ТП изгледа?.. Востанијата и директните напади секогаш беа пуштани во исто време, со намера за ТП да се пука во директната, а востанијата да поминуваат полесно, но тоа не беше случајот.. За среќа, ги имаме јужните соседи кои некогаш доста ми помагаа во пуштањето на востанијата
🙂
Комбат Ордер беше ставано само во ситуации кога Македонија водеше во востанијата, и тоа само во неколку рунди, за да се контролира текот на целата битка.
Вкупно потрошени средства: 312.275 денари, од кои 60.000 денари се обртни средства, и ќе бидат вратени во трезор во рамки на акцијата „Пакети за децата 3“.
Деталната евиденција може да ја погледнете овде!
5. Завршно
При крај на мандат добивме контакт од еУкраина и еИзраел, во форма на понуда за соработка. еИзраел беше прифатен, после консултации со Владата, Командирите на единиците и Конгресот, и моментално се гласа МПП-то со нив. еУкраина поради нејзината малку по-деликатна ситуација, ја оставам на наредниот Претседател.
Уште еднаш, се надевам добро се нафармавте месецов, затоа што има дојави за војни, и по се изгледа месецов што следи, ќе ја имаме конечно.
Повторно ви Благодарам за довербата, се надевам бевте задоволни и ги исполнив очекувањата, иако не излезе онака како што планирав на воен план.
Благодарам и на мојот тим за помошта, за ангажираноста на Амбасадорите, за соработката од Командирите и Конгресот!
Им посакувам среќа на кандидатите за Претседател утре, нека победи подобриот.
А ние, до наредниот пат..
Со почит,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп
Comments
Последно Претседателско Обраќање [Северус]
erepublik.com/en/article/2585995/1/20
ова веќе ми се допаѓа... о7
o7
vote 2
3
o/
От Хърватия имаше 0 поддршка!
Спри да се опитваш да вкарваш някакви илюзии на хората, че на хърватите им пука за вас или, че евентуално някога ще ударят срещу Гърция за вас.
Имаше поддршка во однос на војна со еСАД, тоа е напишано во тој контекст. Да не навлегувам во детали, не се за овде... 😉
Имало дръжки...аз не ги видях да скачат с нас? На думи и баба ми може 🙂
Единствената им цел е да ни скарат!
😃
o7
[removed]
ja prv fanav mesto na kanalot, kontinuirano barav tenkovi i ne mi se dade
dolu vlada!
некако брзо помина твојов мандат 🙂
тоа демек Февруари најмалку денови има.. ама годинава имаше и ден плус.. и пак брзо помина? 😛
o7
o/
Супер беше
o7
Терај уште еден мандат ако имаш време 😃
"Банката ја превземав со 387,325.36 денари на сметката, а ја оставам со 375,050.36 денари"
- къде са 12к денари и на Боян голдот??
🙂
о/
"Вкупно потрошени средства: 312.275 денари"
еве ги 🙂
Boyan да врати голдот!!!
o7
o7 AJDE TE CEKAME PAK! 😃
o7
ako ne si vo tie 4 edinici znaci ne si makedonec i ne pukas po naredbi duri ti se uskratuva i pravoto da bides informiran zosto mnogu e tesko da se napravi kruzna
тоа со пораките го направив со умисла, да. Немаше такви кружни пораки, туку само со Командирите. За такви пораки мислев нема да има потреба, бидејки нели планиравме координација на ново ниво, со Пушбулет. Ама за жал.. повеќе за тоа можеш да прочиташ под точка 2.
o7
bas zatoa sto procitav deka ne funkcioniralo a kruzna ne si napravil poradi precenetost i suetnost
Ubao ja vodeshe drzavata ovoj mandat.Sekoja thest.
o7
о/
😘
Повеќе пари на усерот имав до дека бевме поробени... Организација сакав ама не направив, поделив 100 тенка и си го издрпав еднш . Контакти ташаци оставам запонатаму. Мандат курташак .
о7
Повели слободно, местото е отворено за секој последен пат кога проверив.. не само од страна да зборуваш 🙂
Претседниче браво.
о/
о7
Sreken sum sto ne si prifatil ukrainskata ponuda o7
1. Воено поле +/-
2. Пушбулет -
3. Помош на единиците -/+
4. Состојба на Банката -/+
5. Завршно -
суцијално зема месецов? 😛
zemaf tugja nega xD
jas sum kriv za pushbylet
ti shto si kriv, kriv si nego so crepo sho praime xD
бесилка
Dovra vi vecer Makedonijo, abe ti izgleda mnogu Vasko Eftov go gledash 😛
Sekoja cest za srabotenoto o7
podprosecen mandat
o7
o7
[removed]
o7
о7