Военополитичка анализа во Македонија и регионот

Day 2,988, 03:17 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Почитувани читатели здраво!

Одамна немам пишано слична статија па еве после извесен период поминат на печалба се вратив со желба да ви ја направам играва малку поинтересна.Кога веќе тоа не го прави надлежното министерство за информирање!

МАКЕДОНИЈА Може да се каже дека постои некоја бледа активност на воено поле, имаме ВН на Канада (по којзнае кој пат) имаме региони во Индија кои ни носат 1.5 ресурс храна и оригинални територии кои претставуваат буре барут и потенцијално жариште во случај да влеземе во посериозна војна со некој голем играч кој за чудо би бил близок пријател на соседна Грција.
Народот не е информиран за актуелните потези на владата и верувам дека 90% пукаат слепо без притоа да имаат поим за целта и планот на воздушниот напад. Да речеме дека ќе ја гузиме мултимилионска Америка...Толку. Што и како понатаму, останува да видимееееее.

БУГАРИЈА Исто како нас и тие се во некаква еапатија со тоа што направија неколку значајни промени во надворешната политика, потпишаа неколку МППа со противници на пријателскиот Чиле,го раскинаа МППто со Чиле што според мене беше очекувано, ако се земе предвид дека Чиле долги години имаше дружба со нашиte верни непријатели Хрватска и Турција тогаш доста долго и потраја тоа нивно пријателство, да напомнам само дека прошлиот месец чинам и нашето МПП со Чиле беше доведено под знак прашалник.
Бугарија како и нас има АС над Јапонија, земја која граничи со САД и е во постојан конфликт со нив. Дали ќе имаме заеднички успех или заедничко фијаско,останува да видиме.Со среќа на браќата бугари!

СРБИЈА/ХРВАТСКА/АЛБАНИЈА Понесени од нивната супер-сила појдоа да го бришат Тајланд кој е одметната српска колонија а сега сојузнк на Хрватска, Албанија и Турција, за да после неколку воени успеси во Азија влезат во една брутал-трисом војна во која главната актерка беше Велика Србија додека од друга страна Алб/Хрв/Тај и другите нивни сојузници им подигнаа симултани востанија во србските територииа,воедно Албанија предводена од мултимилионерот Колин појде во поход на бришење на србските оригинални територии. После заземањето на Косово,Војводина и Белград,појаките воени единици кои се всушност и опозиција во Србија покренаа диктатура во која беа потрошени ОГРОМНИ парични средства.Диктатурата е поставена, легално демократската влада е тргната од власт и за чудо залетаните Албанија и Хрватска ги прекинуваат воените дејствија на српските оригинални територии и претпоставувам дека ќе потпишат неформален кукавички НАП.Толку за ниФ.

ГРЦИЈА Како по обичај ПОВТОРНО СМЕНИ СТРАНА. Го раскинаа МППто со Хрватска, па некако после месец дена потпишаа ново на стаклени нозе и фармаат и само пукаат за КО. Дали ќе не рокнат нас наскоро или ќе продолжат со фармање ќе видиме во периодот кој следуи, засега нема некоја активност која би имплицирала на војна со нас кај нивните конгресмени.

За сега толку од мене, за повеќе се надевам дека нашите СТРУЧЊАЦИ би можеле повеќе да ве информираат.

П.С Вие кои ја водите државата би требало да обрнете внимание на пошироката маса кои сеуште ја играат играва, да ја направите поинтересна за цел колектив а не само за затворена група играчи кои сте во кружни пораки.


Ај чао сега.