[МНР Македонија] Ладна Војна

Day 2,911, 10:17 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija





Добра вечер Македонски народе,

Дозволете ми да преминам на главното веднаш, нема потреба од предговор.. Како што знаете пред 2 дена заврши траењето на нашиот Пакт за Ненапаѓање со Грција и Бугарија.
Уште на почетокот на претходниот месец, а воедно и во текот на целиот месец бев и сум во контакт со грчкиот Претседател, и последниве недела дена се дискутираше темата – НАП.

Имаше долги разговори, и секакви предлози и сценарија се разгледуваа.. Како последно беше предложено:

Склучување на нов пакт за ненапаѓање само помеѓу еМакедонија и еГрција (да, без еБугарија)
Останатиот дел би бил ист од претходниот договор.

Мислам дека нема простор за зборување на темава повеќе, и зошто е донесена одлуката да се отфрли тој предлог.

Нашиот предлог беше или истиот НАП, или нема НАП. Се одлучија за второто.



Почнувајки од денес Јужно-Балканскиот пакт за ненапаѓање и официјално НЕ Е АКТИВЕН, и еМакедонија влегува во статус-кво зона на ладна војна со јужниот сосед, која прашање на време е кога ќе ескалира во вистинска војна, која по самата природа може многу да промени во моменталната „совршена хармонија“ во еСветот.

еМакедонија е спремна да реагира на сите можни сценарија, затоа и апелираме на готовност и вооружаност од Македонскиот народ! Од денес сите карти се отворени!


#ЗиматаДоаѓаЛаднатаВојнаЗапочнува



Со почит,
Тим на МНР еМакедонија
Северус Снејп
хурото