ВРЕМЕ ЗА ХУМОР

Day 2,769, 03:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr Santino.

ЗАМОЛУВАМ малку благодарност во голд или денари за теретаните, разбира се 🙂

вицови за викендов (позајмено) 🙂

- Здраво, се јавуваме од УБК.
– Знам.
– Од каде знаете?
– Од мобилниот оператор ми го исклучија телефонот поради неплатени сметки.

– – – – – –

Мажот не ја разбира жената во два периоди од животот – пред свадбата и по свадбата.

– – – – – –

Најдобрата диета – љубовта, најдобар фитнес – сексот. Ако сеуште не симнувате тежина, заменете тренерот и нутриционистот!

– – – – – –

Што рекол Адам, кога ја добил прва ерекција?
– Ево, пази се, не знам ова колку ќе расте…

– – – – – –

Маж и жена се караат:
– Жено, ти си како последен пар чевли на излогот!
– Мажу, знам дека ме навредуваш, ама не можам да сфатам како точно?
– Сто луѓе пред мене ги пробале, а јас будала сум ги купил!

– – – – – –

– Драги кој ѕвонеше?
– Грешка, изгледа некој од УХМР го згрешил бројот. Праша: „Сонце, хоризонтот чист ли е?“

– – – – – –

Како се вика жена која секогаш знае каде е нејзиниот маж?
– Вдовица…

– – – – – –

– Легнувај да спиеш животно едно! – Се чу од кујната гласот на мајката.
Синот брзо го затвори прелистувачот, на кој беа отворени пет порно сајтови, таткото го избриша мејлот до неговата љубовница, на ќерката и падна селфи стапот во кадата, а само мачката продолжи спокојно да се лиже!

– – – – – –

Мајката на Зоки и се фали на своја пријателка:
– Син ми веќе учи англиски и алгебра. Зоки, ајде кажи и на тетката „здраво“ на алгебра.

– – – – – –

Едно еврејче прашува друго:
– Што ти продадоа твоите за Нова Година?

– – – – – –

Постојат два вида на адвокати: оние кои го познаваат законот и оние кои познаваат судијата.

– – – – – –

– Зоки, зошто во диктатот имаш толку празни места?
– Простор за реклами, госпоѓо.

– – – – – –

– Што е потребно за еден семеен скандал?
– Ништо и жена.

– – – – – –

– Драги до колку години живеат свињи?
– Што ма, да не ти е лошо?

– – – – – –

– Душо, што најмногу ти се допаѓа кај мене – моето секси тело или моето убаво лице?
– Твоето чувство за хумор!

- - - - - -

Разговор мајка и ќерка:
– Мамо, посоветувај ме што да правам? Не знам за кој од тројцата да се омажам. Првиот заработува добро, вториот е многу паметен, а третиот многу добро игра.
– Слушај ќерко, тој првиот може ќе научи да игра.

- - - - - -

Селски собир на Тодоровден. Коњите се наредени за трка. Од Некаде дотрчува едно магаре полно со ентузијазам и се реди до нив.
– Ти каде бе? – Прашуваат коњите.
– Па, нели е натпревар… – одговара магарето.
– Да де, ама тука сме само силни и добро чувани коњи и ќе се тркаме.
– Упс, грешка! Јас мислев ќе си ги мериме…

- - - - - -

Македонски гастарбајтер одговара на новинарско прашање:
Ве молам како е вашето име ?
– Џорџ.
Каде сте роден?
– Во мојата мила и непрежалена Македонија.
Колку време живеете во Австралија?
– 30 години.
А како е вашето вистинско име?
– Ѓорѓија.
А зошто сега се именувате со Џорџ?
– Па морав да го променам името бидејќи овде во Австралија никој не ме прифаќаше и не можеа да го изговорат моето родено име, не можев да најдам работа а децата ми гладуваа па решив да го сменам името.
А што мислите за Македонија?
– Сe најдобро и само така да продолжи. Името никако да не го менува. Ако треба леб и сол да јаде важно Македонија да биде.

- - - - - -

На фармата се разболел коњот. Дошол ветеринарот, го прегледал и рекол:
– Ако до утре наутро не стане, ќе го заколеме.
Наутро коњот уште лежел и не станувал. Дошла свињата и почнала да му зборува и да го убедува:
– Ајде, станувај, инаку ќе умреш! Зарем не слушна што рече ветеринарот вчера! Ајде најди сили и исправи се на нозе!
Коњот се помачил, но станал некако.
Фармерот кога го видел коњот на нозе многу се израдувал и рекол:
– Лелеее, жено дојди да видиш, ова е чудо! Ова мора да се прослави! Повикај ги пријателите на ручек, ќе ја заколеме свињата!
Поука: Никогаш не се мешајте во туѓи работи

НЕИЗМЕРНО ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ КОЈ МИСЛЕВТЕ НА МОЈОТ УСПЕХ ВО ИГРАТА

ПРИЈАТЕН ВИКЕНД